Историја на Скопскиот аеродром PDF Печати Е-пошта
Петок, 15 Септември 2006 14:46

Историја на скопскиот аеродромПрвиот патнички авион слетал во Скопје на 15 јуни 1928 година. Авионот бил од типот ''Потез-29'' и превезувал 5 патници. Како најново и најсовремено превозно средство авионите последни биле вклучени во сообраќај во Скопје. Аеродромот бил наречен ''Скопје'' а се наоѓал сосем на крајот од градот, кај денешната населба ''Аеродром''.

Во 1929 година била воспоставена авионска линија Солун-Скопје-Белград. Времето на тргнување било така планирано што на патниците и трговците од Солун им овозможувало заштеда на време. Авионите поаѓале во 7 часот наутро. Големиот жупан на Скопје, Антонио Вилдовиќ, во 1925 година како вљубеник на воздухопловството и прв човек на власта, купил еден француски авион "Каљдран", прв цивилен (спортски) авион во Кралството Југославија.

Скопскиот жупан

Прв пилот бил М. Јерошенко. Есента 1926 година бил одржан првиот аеромитинг со учество на воени авиони и пригодна програма. Секоја година се одржувале аеромитинзи на Зајчев рид и кај стар Аеродром.

Старата аеродромска зграда.

Стара аеродромска зграда

Посетителите на аеромитинзите за 30 динари можеле да пробаат да летаат со авион. Како куриозитет старите скопјани го сметаат слетувањето на Ејми Џонсон, една од првите жени-пилоти на светот, на скопскиот аеродром во 1930 година при нејзиното враќање од Австралија за Лондон.

Ејми Џонсон во Скопје

Во 1937 година во договор со авионското друштво "Аеропут" и Сидна, Министерството за сообраќај воспоставило авионски сообраќај со Кралството и странство. Со оваа линија стасувал и весникот "Правда" од Белград.

Покана од аеродромот "Скопје" до скопското научно друштво за прослава на славата Св. Илија од 1938 година. 

Покана