Шест основни инструменти кај воздухопловите PDF Печати Е-пошта
Вторник, 19 Декември 2006 11:16

Пилотски инструментиБрзинометар, вештачки хоризонт, висинометар, покажувач на вртење и лизгање, жиро-дирекционал и покажувач на вертикална брзина. Ова се шесте основнипилотски инструменти кои на пилотот му ги даваат основните информации во текот на летот.

 

 

 

 

Пилотски инструменти

 

 

Од шесте примарни инструменти, три работат со мерење на притисок од питот цевката (брзиномерот, висиномерот и покажувачот за вертикалната брзина), а три се жироскопски (вештачкиот хоризонт, координаторот за вртење и вештачкиот компас).  

1. Брзинометар

Брзинометарот како и кај автомобилите, ја покажува брината на летот. Разликата е во тоа што брзинометарот кај автомобилите ја покажува брзината на автомобилот во однос на земјата, додека пак кај авионите брзинометарот ја покажува брзината на авионот во однос на околниот воздух, која најчесто е различна од онаа која авионот ја има во однос на земјата. Затоа, кај современите авиони, брзината се индицира на два начини: брзина во однос на воздухот (airspeed) и брзина во однос на земјата (ground speed). Првата вредност е од круцијално значење за летот и се мери со пито-цевката, додека втората вредност се отчитува низ GPS. Најчесто брзинометрите се во јазли или километри на час. За време на летот има 3 важни брзини:

- IAS (indicated airspeed) - брзина која се чита од брзиномерот и се користи за управување (таа ги дефинира аеродинамичките способности на леталото во летот: брзина на столирање, максимална дозволена брзина на леталото и друго), дефинирање минимални и максимални брзини, при комуникација итн.

- TAS (true airspeed) - брзина со која леталото се движи низ воздухот, не зависи од ветер и се пресметува преку IAS, висината и друго.

- GS (ground speed) - брзина на леталото релативна на земјината површина, зависи од ветер.

2. Вештачки хоризонт

Вештачкиот хоризонт ја покажува положбата на авионот во однос на хоризонтот. Со помош на овој инструмент пилотот може да одреди дали носот на авионот е испод или над хоризонтот и да одреди дали има некој наклон. Овој инструмент исто така е и основен инструмент во услови на слаба видливост.

3. Висинометар

Висинометарот ја одредува висината на авионот. Тој може да биде во стапки или во метри. Овој инструмент може да се подеси да ја дава висината во однос на притисокот на морското ниво или пак да ја дава висината во однос на земјата. Висиномерот се подесува во однос на релативен зададен притисок. Најзастапени типови подесување се:

- QNH - најзастапен е во цивилната авијација, се подесува притисокот кој владее на локацијата и висиномерот ја покажува висината во однос на морското ниво.

- QFE - се подесува притисокот кој владее на морското ниво и висиномерот ја покажува висината во однос на почетната положба. Во најголем дел од светското цивилно воздухопловство притисокот се изразува во mBa=hPa, а во САД во инчи живен столб.

4. Покажувач на свртување и лизгање

Покажувач на свртување и лизгање е инструмент кој му овозможува на пилотот да процени дали прави авионот координирано вртење или некоординирано вртење или лизгање. Координаторот за вртење го покажува отклонот на лонгитудиналната оска на леталото во однос на правецот на движењето на леталото. Во склоп на тој инструмент има и прост покажувач на брзината со која леталото ја менува хоризонталната насока на движењето (таа величина се мери со промена на степени од насоката во единица време). Стандардно вртење е 360 степени во 2 минути, односно 3 степени во секунда.

5. Жиро- дирекционал

Жиро-дирекционал е инструмент со чија помош пилотот може да го одреди правецот на движење на авионот во однос на магнетниот север. Вештачкиот компас се користи како посигурна варијанта од магнетниот компас кој има подолго време за стабилизација при вртење и исто така јавува грешка чија големина е пропорционала со близината до половите. Меѓутоа вештачкиот компас не работи самостојно туку бара подесување со магнетниот компас.

6. Покажувач на вертикална брзина

Покажувачот на вертикалната брзина исто така се нарекува и вариометар. Тој на пилотот му дава информации за соодносот на качување и снижување на база на промена на воздушниот притисок.

filipv, avijacijamk, fly_macedonia