Воздушната Кобра на Bell P-39 PDF Печати Е-пошта
Четврток, 15 Февруари 2007 17:41

P-39Приказната започнува во 1936-та година кога во компанијата Bell aircraft corporation под раководство на Роберт Вудс и Харланд Пајер почнува со проектирање на нов авион ловец, наменет за армискиот воздушен корпус на САД (USAAF). Конструкторите користат многу од веќе постојниот модел - авионот XFL-1 Airabonita, кој бил наменет за американската морнарица но не успева да победи на претходниот конкурс.

 

 

Гледано однадвор нема ништо особено различно од било кој друг авион од тоа време, но гледано одвнатре, ниту еден агрегат не е таму кај што сите се навикнати да го гледаат. Една од легендите е дека во тоа време на бум во американската авиоиндустрија, постои недостаток на воздухопловни инженери, па затоа од копанијата Bell се приморани да вработаaт автомобилски инженери, па затоа Кобрата има предно носно тркало и вратичка за влез на пилотот, што наликува на автомобил а не авион. Но вистината е сосема различна, конструкторите сакат да го направат што е можно поспособен за маневрирање, затоа го форсираат како конструкција носното тркало, моторот е поставен назад со долга осовина од околу 3 метра, и празнина за да се монтира оружје со голем калибар, еден топ од 25мм и два митралеза од 12.7мм. Во 1937 година немало произведено воздухопловно оружје со таков калибар, а со самото поставување на кабината поназад се влошува и прегледноста на пилотот во долната полусвера. Немајќи друг избор конструкторите ја издолжуваат осовината и моторот го ставаат зад пилотската кабина. Со центирањето на авионот со моторот во средина се добива една одлична маневарска машина. Перформансите се солидни за тоа време: максимална брзина од 640 км/ч на висина од 6100 метри и тежина од 2500кг.

 

P-39

На 7ми октомври USAAF доставуваат документ со кој ги обврзуваат Bell да направат еден експериментален авион за тестирање. Така се раѓа ХР-39 кој е призведен во сојузната држава Охајо. На 6ти април тест пилотот Џими Тејлот полетува со првата Кобра. Перформансите се солидни, плафонот на авионот е 9740 метри, се искачува на 6100 метри за 5 минути со максимална брзина од 628 км/ч и со тежина од 2862 кг. без вооружување. USAAF потпишуваат за првата серија за тестирање од 12 авиони. Првиот од таа серија е вооружен со еден топ од 37мм и 2 митралези од 12,7мм во крилата, моторот Елисон В-1710-17 со тубро висински компресор е заменет со невисински В-1710-39 со максимален плафон од 4050 метри, бидејки се сметало евентуалните противници на САД немаат стратегиска авијација и нема потреба од поголема висина, за на USAAF и треба авион кој ќе служи за непосредна подршка на борбеното поле.

 

P-39N

 

 

Но промените доведуваат до влошување на летачките карактеристики на ХР-39В, максималната брзина паѓа на 600 км/ч на 4000 метри а времето за искачување на 6100 метри е веќе цели 7.5 минути. Но и покрај тоа војската на САД порачува голема серија од 80 авиони од верзијата Р-39С(фабрички модел 13), меѓутоа таа бројка не ја задоволува фирмата која се надева на поголема побарувачка, но армијата го избрира конкурентот на Р-39, авионот на Куртис Р-40. Во таа позиција Bell го предлага својот авион на Франција и Велика Британија. Франција порачува 200 авиони но брзата победа на Германија над Франција не дозволува таа зделка да се оствари. Британците порачуваат 675 авиони, и бидејки во РАФ нема ознаки на авионите, Р-39 го добива името Airacobra, а во техничката документација е заведен како Р-400 или Bell model 14. Но покасно се покажува дека на Британците им е понуден авион со перформанси измерени од тестовите, а не вистинските. Но и покрај сето тоа зделката е склучена и Кобрата оди во војна во Европа.

Основни модификации на Р-39


ХР-39 - екпериментален, нема вооружување, максимална брзина 628км/ч со плафон од 9760 метри , брзината на искачување: 6100 метри ја постигнува за 5мин. Моторот е V-1710-17 со турбокомпресор.

ЅР-39 - предсериска верзија. Моторот е Елисон V-1710-39 (1090 коњски сили). Вооружен со 37мм топ М-4 Олдсмобил со 15 гранати, 2 митралеза 12.7мм со по 200 куршуми и 2 митралеза 7.62мм со по 500 куршуми. Целото вооружување е монтирано во носот на авионот. Поставена е оклопна заштита со што тежината достига до 2280 кг. кога авионот е празен. Произведени се 14 авиони.

Аerocobra I - авионите се произведени за РАФ, монтирани се британски мотори V-1710 Е-4. Вооружувањето е променето според британски побарувања, ставен е 20мм топ Хиспано Сјуиза со 60 гранати како и 2 митралеза од 12.7мм и 2 митралеза од 7.7мм. Произведени се вкупно 179 авиони.

P-39D - Моторот е сменет со Елисон V-1710-35 (1150 коњски сили). Гранатите за 37мм топ се веќе променети во 30мм. Во носот се вградени само топот и двете Колт-Браунинг тешки митралези од 12.7мм а во крилото се монтирани 4 митралези од 7.62мм со по 1000 куршуми. За Британија се произведени 366 но со топ од 20мм и со заштитени резервоари за гориво. Поради зголемената маса на авионот е намалено горивото од 643 на 455 литри, но под телото е монтиран еден носач на резервоар од 330 литри. Произведени се вкупно 1000 авиони за американските сили.

P-39F - претставува истата верзија P-39D но наместо стандардниот пропелер Куртис Електрик е заменет со Еропродакс. Произведени се 229 авиони.

Р-39Ј - иста верзија како P-39F но со мотор Елисон V-1710-59 од 1100 коњски сили. Произведени се 25 авиони.

Р-39К - има мотор од 1125 коњски сили. Произведени се 210 авиони.

Р-39L - исто како верзијата К но со стариот пропелер од дијаметар од 3,14м. Под крилото може да се монтираат реактивни проектили. Произведени се 250 парчиња.

Р-39М - исто како како верзијата L но со мотор V-1710-67од 1200 коњски сили, кој само ги подобрува висинските карактеристики на авионот, максималната брзина се покачува за 15км/ч. Произведени се 250 авиони.

Р-39Н - со мотор V-1710-85 од 1200 коњски сили, со нов редуктор и со нов пропелер Еропродакс со дијаметар 3.52м. Тоа е првата поголема серија со 2095 авиони.

P-39Q - е најмасовната серија на авионот. Се карактеризира со тоа што четирите митралезите од 7.62 мм се заменети со 2 митралези од 12.7мм со по 300 куршуми. На сериите Q21 до Q25 се поставени 4 лопатни пропелера.

ТР-39 двосед - школски авион без вооружување на носот само под крилата.
 

 

 

Продолжува со: Bell P-39 во Европа и САД

Иван Ефтимов