Piaggio P.180 Avanti PDF Печати Е-пошта
Петок, 02 Ноември 2007 18:06
Piaggio P.180 AvantiПерформанси на млазен авион, по цена на турбоелисен мотор. Вака беше претставен во 1981 година овој иновативен и интересен авион, кој може да пренесе 9 патници.

 

 

 

 

Многу работи треба да се споменат кај овој уникатен авион. Една од поинтересните, се трите составни делови кои служат како подигнувачи, преднитe "крилца" - канарди, крилата и опашката. Присуството на предните крилца не само што помага во аеродинамиката на авионот, автоматски дава можност крилјата да бидам поместени поназад, со што се добива дополнителлен простор во кабината. Турбоелисните Pratt & Whitney Canada се поставени обратно, што го прави овој авион еден од најтивките, но само во кабината, бидејќи бучавата од моторите е насочена кон опашката и задниот дел на авионот, со што го прави еден од побучните од надворешноста.

 

Piaggio P180 Avanti
 

Она што го прави овој авион извонреден е малата потрошувачка споредена со сличните бизнис млазни авиони. Брзината и висината на која оперира Avanti се скоро исти како и секој конвенционален млазен авион, но потрошувачката на неговите турбоелисни мотори е скоро двојно помала. Со полни резервоари, авионот е способен да прелета ооклу 3,300 километри, што го прави одличен избор за континентални патувања, еден лет од Париз до Москва би траел околу 4 часа.

 

Piaggio P180 Avanti
 

 

Piaggio P180 Avanti

 

 
Piaggio P180 Avanti