Аеромитинг Битола 2008 PDF Печати Е-пошта
Вторник, 24 Јуни 2008 13:03

Аеромитинг Битола 2008На 24 и 25 Мај 2008 година се одржа после 20 години аеромитинг на Спортскиот аеродром "Логоварди" - Битола. Аеромитингот беше вистинско доживување за младите битолчани кои немале прилика да се запознаат со македонското воздухопловство одблизу.

 

 

 

На овој аеромитинг учествуваа членови од Аеро Клуб "Мирко Тодоровски" - Битола, Аеро Клуб "СКОПЈЕ" - Скопје, Аеро Клуб "Доне Божинов" - Куманово, Бони Ер, Агенција за цивилно воздухопловство, КЛЛ "Метаморфоза" - Скопје, Хеликоптерската единица на Министерството за Внатрешни Работи и Военото Воздухопловство на Република Македонија. Гостите можеа бесплатно да се возат со неколку воздухоплови над Битола што остави прекрасен впечаток, но и да не се заборави летот со едрилица на тие што беа похрабри да пробаат како е чуството додека пилотот прави акробации. Најголемо доживување беше скокот на падобранците од хеликоптерот на МВР, но исто така и акробатскиот лет на едрилиците.

Аеромитинг Битола 2008

Битола Аеромитинг 2008
 
Битола Аеромитинг 2008
 
Битола Аеромитинг 2008
 
Битола Аеромитинг 2008
 

Фото и текст: Давидов Никола