Оставарување на сонот: Полета Taulokraft L-2 PDF Печати Е-пошта
Вторник, 09 Февруари 2010 19:41

Оставарување на сонот: Полета Taulokraft L-2Желбата за градба на одреден елемент или направа е особено истакната кај некои поединци што во крајна мера резултира со многу научни новитети. Обновата, односно реставрацијата на одредени направи кои имаат историско значење кај некои претставува професија но многумина се ова се занимаваат чисто од ентузијазам. Токму во тој правец тргна еден наш македонец Николче (Nick) Поповски - Струјата кој замина во САД пред повеќе од 25 години. Идејата која ја имал е да изработи авион во самоградба на овие простори тој ја оствари во САД.

 

 

 

 

Според неговите кажувања и разговори по телефон му требало дури 8 години и 1 месец од моментот на набавка на компонентите до собирање на документација и првиот лет. Првиот лет после реставрацијата во присуство на овластен инспектор и членови на семејството е направен на 24 јануари 2010 година. Со обзир на фактот дека Николче поседува професионална дозвола самиот го изврши првиот лет на спортско туристичкиот аеродром во Tamiami. Секако успехот бше семеен празник кој се заокружи со торта направена за таа пригода од неговата сопруга Аспасија Поповски. На крај, само би додал голем труд и макотрпна работа но и посебно чувство од крајниот резултат. Особeно е за одбележување кога еден наш македонец успеа да го направи она што во САД го прават цели тимови. Морам да му се заблагодарам на особената подршка во прибирање на податоци на мојот брат кој ми даде исцрпни податоци и информации во текот на работата, фотографиите кој ми го остапи неговиот син Митко (Jumi) Поповски, ACM (American Corner) на Македонија - Битола кои ми овозможија користење на интернет на мојот син Бранко Поповски кој директно учествуваше во дел од реконструкцијата како и Гоце Поповски кој изврши превод на дел од текстовите преземени од веб страните. За евентуалниот контакт директно со изведувачот можете да се обратите до него како за овој авион така и за неговите идни проекти. Никола (Nick) Поповски е менаџер на работилницата за сервис и вградување на електронска опрема во авион - Penisula Avionics која се наоѓа на Tamiami Airport. На гугл можете да го пронајдете неговиот службен контакт под името Nick Popovski со адреса и телефон за комуникација.

Перица Поповски

 

Оставарување на сонот: Полета Taulokraft L-2
 
Оставарување на сонот: Полета Taulokraft L-2

 

Оставарување на сонот: Полета Taulokraft L-2

 

 

Оставарување на сонот: Полета Taulokraft L-2
 
Оставарување на сонот: Полета Taulokraft L-2

 

Оставарување на сонот: Полета Taulokraft L-2