Нов дизајн на најпродаваниот авион на денешницата PDF Печати Е-пошта
Вторник, 01 Август 2006 13:03

Новиот Боинг 747-8Компанијата Боинг ќе го редизајнира и обнови својот најпродаван авион досега, познатиот 747 џамбо џет. Новиот дизајн, наречен 747-8 моментално е во тест фаза и се планирана да започне со летање во 2009. Авионот има нов облик на крилото, доста слично со она кај птиците. Новиот дизајн претставува "најбрзото крило на светот во патничкиот свет", според Боинг.

 

 

 

Макета на новиот авион чини 10 милиони долари и е во тек на тестирање од конструктори од Велика Британија во воздушен тунел сопственост на фирмата Кинетик.

Макета на новиот дизајн

Тунелот може е способен да ги симулира релативно бавните брзински услови при полетување и слетување. Макетата може да биде навалувана нанапред и наназад за време на тестирањето. 1600 сензори за притисок го покриваат трупот со цел да го измерат протокот на воздух по авионот. Боинг има извршено повеќе од 3,000 тест часови само оваа година.

Крилјата со нов дизајн

Дизајнот на Карго и Интерконтиненталната верзија се подолги од досегашните модели. Оваа промена ќе дозволи авиокомпаниите да додадат дополнителни 34 седишта.

Боинг тврди дека новиот авион ќе биде најекономичниот и најтивкиот авион џамбо изграден досега.  Карго верзијата ќе биде завршена во 2009, а Интерконтиненталната во 2010.

Карго и Интерконтиненталната верзија.