Русија ја комплетира сертификацијата на Тупољев 204-120 PDF Печати Е-пошта
Недела, 13 Август 2006 12:42

Тупољев 210-120Tupolev design bureau ја заврши програмата за сертификација на Tupolev Tu-204-120CE, авион кој е предвиден за испорака на кинеските авиокомпании.

 

 

 

 

 

Од трети мај до трети август, двомоторниот авион, напојуван од Rolls-Royce RB211 мотори исто така поседува кокпит опремен со англиски команди и јазик, поврзан со Honeywell авионика. Досега, авионот направил 21 тест летови со вкупно 36 летачки часови.

Тупољев 204-120

 

 

Претставници на Европска агенција за безбедност во авијацијата (ЕАSA) ја набљудуваше програмата за сертифицирање на авионот за да се осигура дека ги исполнува летачките стандарди. Бирото на Тупољев вели дека авионот ги исполнува и стандардите на звук и емисија поставени од Eurocontrol.

Тупољев 204-120

 

Авионот е планиран да биде предаден на Air China Cargo во септември. Четири од овој тип се планирани да се испорачаат наредната година.

Тупољев 204-120