Капетан ги загрозил патниците за да го научи копилотот PDF Печати Е-пошта
Недела, 13 Август 2006 14:08
Ембраер 120 BrasiliaИстражувачите испратија критики до капетанот на Embraer EMB-120 Brasilia turboprop откако намерно дозволил леталото да се спушти на само 144 метри над вода, за време на редовен патнички лет. Целта на капетанот била да му одржи лекција на копилотот кој стажирал.

 

 

 

Француското летало (регистрација F-GFEO) се упaтувало кон приод на Isle of Man во северзападниот дел на Британското копно, и за време на нискиот лет се упатувало кон 200 метарски рид оддалечен само 1 наутичка милја.

Ембраер 120 Brasilia

 

 

Летот се одвивал од Манчестер со 7 патници и тројца членови на екипажот на 31 Март минатата година. За време на подготовките за приод на пистата 08 на Ronaldsway Airport, капетанот забележал дека инструментите на авионот не биле подесени на фрекфенцијата на системот за инструментално слетување (ILS) туку на аеродромската VOR фрекфенција.

Капетанот го подучувал неискусниот копилот, па намерно не ја поправил грешката за копилотот на лице место да научи вредна лекција. Оддалечен 5.2 наутички милји од пистата капетанот го започнал спуштањето. Видливоста била околу 4,000 метри со раштркани облаци на 200 метри. Леталото продолжило со спуштањето се до 144 метри над површината од морето, и во тој момент леталото исчезнало од примарниот и секундарниот радар кај контролата на летање. Контролорите ги контактирале околу нивната положба и висина, и дали го гледаат високото земјиште пред нив.
Ембраер 120 Brasilia под Air France

 

Откако копилотот ја сватил грешката направена со ILS фрекфенцијата, капетанот започнал да се искачува на 500 метри висина.

Истражувачите не можеле да дадат препорака за операторот, бидејќи компанијата веќе не постои. Откако била продадена името и било сменето, а лани во декември добила забрана за летање поради несигурни операции.
 
Ембраер 120 Brasilia