Првата операција во бестежинска состојба PDF Печати Е-пошта
Среда, 27 Септември 2006 13:10

А300Прилепени за страните од авионот и инструментите залепени за магнети, тим од француски доктори во среда ќе се обиде да ја изврши првата операција во бестежинска состојба, подготвувајќи се за извршување на операции во вселената.

 

 

 

Работејќи во рачно направена платформа, тројца доктори, двајца анестезиолози и тим од воени падобранци ќе изведат операција на остранување на бениген тумор од раката на доброволец во текот на три часовниот лет. Потребните инструментите се посебно направени за оваа намена, можат лесно да се прикачат на магнетна маса и нивната големина е доста помала од нормалните кои се користат во медицината. Бестежинската состојба ќе биде постигната со постојани висински маневри, слични како кај познатите луна паркови, нагли движења нагоре па надолу. Овие движења слични на параболи, при слободниот пад на авионот, создаваат бестежинска состојба. Ова трае околу 20 секунди па за време на летот оваа постапка ќе биде повторена околу 30 пати.

 

Операција без гравитација Операција без гравитација

 

Авионот е од типот Airbus A300B2-103 со француска регистрација F-BUAD. Денес B2 серијата е најстарата која сеуште денес лета од Airbus. Френк Колк, директор на Американ Ерлајнс, во 1966 барал замена за Боинг 727. Бил доста прецизен во својата намера, барал двомоторен авион со капацитет од 250 до 300 седишта. Од американските произведувачи единствените понуди биле од широките тримоторци, Douglas DC-10 и Lockeed L-1011 Tristar, бидејќи двомоторците беа банирани од повеќето рути низ Америка од Федералната Агенција Администрација за Авијација.

Airbus A300

Францускиот претседател Шарл де Гол со надеж да ја скрши американската доминација со произведување на Европски авион кој би се натпреварувал со американските дизајни. Конкорд беше дел од одговорот, замислен да го покрие интерконтиненталниот пазар, а како одговор на пократките американски домашни летови. Бројот 300 во неговото име е даден по бројот на седишта - 300.

Ербас А300