Воздухопловна фразеологија PDF Печати Е-пошта
Вторник, 16 Јануари 2007 09:04

Воздухопловна фразеологијаВо секојдневната комуникација помеѓу пилотите и контролорите за буквите кои се употребуваат за идентификување на воздухоплови, навигациски средства, аеродроми и слично, за подобро разбирање и да се намали ризикот на погрешно толкување се користат нивни соодветни имиња. Доколку еден воздухоплов има регистрација Z3-MKD, по радио врска таа би звучела вака: Зулу три - мајк кило делта.

 

 

 

Комплетната воздухопловна азбука изгледа вака. Се изговараат како што се напишани.

A- алфа
B-браво
C-чарли
D-делта
E-еко
F-фокстрот
G-голф
H-хотел
I-индиа
J-џулиет
K-кило
L-лима
M-мајк
N-новембер
O-оскар
P-папа
Q-квебек
R-ромео
S-сиера
T-танго
U-јуниформ
V-виктор
W-виски
X-иксреј
Y-јенки
Z-зулу