Навигациски инструменти кај воздухопловите Печати
Вторник, 16 Јануари 2007 09:56

Навигациски инструментиКако навигациски инструменти, покрај компасот, можеме да ги наброиме следниве инструменти: VOR, ILS, ADF, DME и GPS. На повеќе ги имаме објаснети нивните функции.

 

 

 

1. VOR (VHF Omni-directional Radio Range) е радио навигациски инструмент на воздухопловите кој работи така што прима VHF радио композитен сигнал од земскиот навигациски систем. Понекогаш земските навигациски системи исто така можат да испраќаат морзеов код со кој се идентификува средството и аудио сигнал. VOR испраќа сигнал кој му овозможува на воздухопловот да ја одреди позицијата во однос на магнетниот беринг од станицата до воздухопловот. Таа права линија се нарекува радијал.

 

Vor

2. ILS (Instrument Landing System) е систем за инструментален прецизен прилаз на воздухопловите. Овој систем овозможува воздухопловите да слетуваат безбедно во сложени метеоролошки услови. Овој систем го сочинуваат две независни средства наречени LOC (Localizer) и Glideslope. LOC овозможува пилотот да го постави авионот во правецот на пистата, а Glideslope овозможува да ја одржува вертикалната брзина на снижување на авионот.

 

ILS

3. ADF (Automatic Direction Finding) е инструмент во авионот кој користи радио сигнали кои ги испуштаат NDB (Non-directional beacon) навигациските средства на земјата. ADF инструментот го детерминира сигналот кој што го испушта NDB-то на земјата и ја покажува неговата насока во однос на движењето на авионот.

ADF

4. DME (Distance Measuring Equipment) е опрема во воздухопловот која го покажува растојанието помеѓу воздухопловот и навигациското средство. Овој инструмент го покажува растојанието во наутички милји.

DME

5. GPS (Global Positioning System) е глобален радио–навигациски систем формиран од 24 сателити и нивните Земјини станици. Системот ги користи сателитите како референтни точки за одредување позиции на Земјата, со толеранција на грешка од неколку метри. Всушност, толеранцијата кај напредните ГПС изнесува неколку милиметри. Тоа е всушност електронски исцртана карта која му овозможува на пилотот визуелно да го види правецот на летање на воздухопловот, да ги види навигациските средства, да лета по радијали и така натаму.  

GPS

Никола Давидов