Светско првенство во параглајдерство 2007 Печати
Вторник, 13 Март 2007 10:01

Светско првенство во параглајдерство 2007 - Cross CountryНа 9-ти Март 2007 година во Манила, Австралија заврши 10-тото Светско Првенство во Параглајдерство. Во организација на FAI, 149 пилоти од 39 нации од цел Свет се собраа да ги испробаат знаењата и уметноста во cross country летањето, основната, а воедно и најстарата параглајдинг дисциплина.

 

 

Манила и планината Борах – една од најпознатите светски дестинации во параглајдерскиот свет за прелети, со долгогодишна потврдена традиција со одлични услови, овојпат за жал, потфрли. Природата водеше во генерална конкуренција во поголемиот дел од натпреварот. Врнежи, пресилен ветер, лоша и искршена термика, преовладуваа и придонесоа за само пет трки во 13 денови и неверојатно чуден рејтинг на трките и на крајот на натпреварот. Многу нови прототипови на параглајдери беа во игра, се испробуваа сите можни тактики. Имаше неколку судари во воздух, се отвараа резервни падобрани и по некоја повреда на учесниците.

Во исклучително комплицираните услови на параглајдинг арената во Австралија, македонските пилоти Неделковски Владимир и Димишковски Горан се бореа за резултати и за преставување на нашата земја, најдобро што можат. Уште од самиот старт, хендикепирани од фактот што беа само двајца преставници од Македонија, се држеа храбро до крајот и покажаа дека се рамноправни во играта со најдобрите параглајдеристи од целиот Свет.

Светско првенство во параглајдерство 2007 - Cross Country


Најдобриот резултат на Неделковски беше, 58-ми во третата трка, а на Димишковски беше, 26-ти во четвртата трка!!!

Во генерална конкуренција, поле 5 трки, Горан го заврши првенството на 57-то место, а Владимир, за жал на 121-то место. Македонија екипно, добро се држеше до средината на натпреварот на 23-то место, но на крајот завршивме на 32-ро место, воглавно поради бројот на пилоти кои ја преставуваа Република Македонија.

Победник на првенството и нов Светски првак е Брус Голдсмит од Англија, со исклучително мала разлика со второпласираниот Жанмарк Карон од Франција. Третото место им припадна на Соединетите Американски Држави т.е. на пилотот Томас Меккун- права реткост да се види едне пилот од САД на подиумот. На шестото место е Мигуел Мартинез од Шпанија, кој за прв пат се натпреварува на едно првенство. Уште еден пример за лудиот рејтинг е Паоло Занмарки од Италија, кој моментално е трет во Светот според WPRS FAI листата, заврши на 72-то место во Манила.

Во женска конкуренција победничката Петра Сливова (Краушова), која водеше во генерална конкуренција до четвртата трка, за жал заврши на крајот на 28-мото место, но сепак пред изненадувањето во женска конкуренција од страна на Вив Вилијамс од Австралија и Гав Хармони од Нов Зеланд. Карин Апензелер, која ја носи титулата прва во Светски куп 2006, заврши на 129-то место, рамо до рамо со Кармен од Словенија на која ова и е прв натпревар.

На подиумот ги нема Цригел, Ева, ги нема многу од очекуваните асови од Швајцарија и Австрија. Првиот на листата од Германија е Тростен на 34-то место. Навистина неверојатен рејтинг на крајот што само покажува, колку се беше надвор од вообичаеното – од услови до тип на трки и тактики.

Словенците кои беа во полн состав, се на 4-то место, екипно, но само Алијаз Валиќ успеа да стигне до првите десет места, overall. Стојан Крајнц е 35-ти, Примоз Подобник кој е моментално 4-ти на Светската WPRS FAI листа, заврши 56-ти, а Урбан Валиќ дури 62-ри!!!

Со еден збор: врвен спорт, со сите елементи од психо-физичка кондиција, опрема, тактика, услови, луда среќа и непредвидливи крајни резултати!!!

Шаренилото од параглајдеристите, преставници на различни земји, само покажува колку времињата се сменети и колку секој има шанса да се докаже и да застане на врвот на параглајдерскиот спорт.

Македонската репрезентација во Манила

 

 
Светско првенство во параглајдерство 2007 - Cross Country

 

Редакција на Македонска авијација