Bell P-39 во Советскиот Сојуз Печати
Понеделник, 19 Февруари 2007 15:44

Советски п-39Брзо после нападот на Германија, Советскиот Сојуз постанува дел од коалицијата против фашизмот. После колосалните загуби во почетните неколку недели на Црвената армија и е повеќе од потребна помош. Првите АероКобри доаѓаат од Британија.

 

 

 

 

Во јануари 1942 во 22-от резервен авиополк од 6-та авиодивизија која е специјализирана за Англо-американска техника пристигнуваат првите 2 АероКобри а брзо потоа добиваат и уште 18 други. Но советската команда не брза да ги воведе во експлоатација, сигурно имале некакви информации за тој авион. За проучување на тој авион е создадена специјална комисија во НИИС (институт за испитување на ВВ на Црвената Армија) раководена од Израил Рабкин. Русите се многу задоволни од авионот каде најмногу се истакнува тоа што авионот има парно во кабината, нешто кое го немаат руските авиони.

Руски П-39

 

Прв се превооружува 153 ЛАП со командант мајор Миронов (после војната е генерал-полковник) а после него и 185ЛАП. Прв во војна оди 1-ва екскадрила на 19 ГЛАП со командат капетан Кутахов (после војната е маршал на авијацијата). На 15 јуни пилотите од 19 ГЛАП со 6 Кобри се борат со 6 бомбардера кои се придружувани од 16 ловци. Резултатот е 9 соборени германски авиони без загуби на советска страна. 153 ЛАП од 30 јуни до крајот на октомври 1942 се бори на Воронежкиот фронт, за тој период пилотите имаат 1070 борбени летови со 64 соборени авиони од кои 45 ловци при што ќе загубат 8 свои. Во составот на морнарицата првите Кобри се примени во октомври 1942 во состав на 2 ГАП чија задача е да го осигура небото над Мурманск. Со големи напори техничарите на фронтот успеваат да усовршат и дел од агрегатите на Кобрата. Сменет е моторот Елисон со руски М-105П, како и засилена е конструкцијата на опашката. Но имаат и големи поблеми и тоа со така наречениот посок сврдел или спин. Тоа се јавува при случај кога е потрошена целата муниција, со што се изместува центарот на тежина и авионот се однесува чудно.

Кобрите доаѓаат во СССР по 3 патишта и тоа преку бродови во пристаништето во Мурманск, преку патеката АЛСИБ и преку Техеран. Патеката Алјаска Сибир (АЛСИБ) е една од непознатите страници за Втората Светска Војна. Илјада американски и советски пилоти и техничари се задолжени за транспортот. Се започнува во фабриката во Бафало до Нијагара водопадот, од таму пилотите на 3-та префрлувачка група ги носат во Греит Фолт Монтана каде се доопремени за експлоатација за во студена клима. Од таму се транспортирани до Лед Филдс близу да Фербенкс Алјаска. Таму се предаваат на советски пилоти и техничари, после приемот авионите се преземаат од советскиот 1-ви полк за префрлување (ПАП) и прелетуваат преку Беринговиот проток цели 1560 километри до Уелкале и потоа до Семчан оддалечен 1450 километри. По 6500 километри прелетани во зимски услови над Сибир и Алјаска на авионите се извршува ремонт, за на крај да се предадат на војните екскадрили. По трасата Феербенкс до Краснојарск се уриваат и загинуваат 41 авиони и 115 пилоти. (По АЛСИБ не се транспотрираат само ловци туку и други авиони со повеќе членови).

 

Руски П-39

Само во Краснојарск се примени 2593 авиони. Во ноември се добиени првите од серијата Д, проследени со серииите К, М и Н. Во летото 1934 Кобрите се на целиот фронт од Балитичко до Црно море. На Карелскиот фронт е вооружена 2-ра гардиска авио дивизија. На северозападниот фронт е вооружена 5-та ЛАД. На централниот фронт е 1 ГЛАД но посебно се истакнува 216 екскадрила, која после тешките битки околу Кубан е преименувана во 9 ГИАЕ. Во март се добиени првите Кобри а до 20 август се соборени 167 германски авиони при што губат и 30 свои. На 24 август полкот е одликуван со гардиско знаме и постанува 104 ГЛАП. Вториот полк е 16ГЛАП а во него летат: асот на СССР 3 пати одликуван за херој на СССР Александар Иванович Покришкин (59 победи од кој 48 на Кобрата), 2 пати херој на СССР Григории Андреевич Речкалов и Александар Фјодорович Клубов како и уште 15 други пилоти со звање херој на СССР, ако се има предвид дека тоа одликување се врачува после 15 соборени авиони, може само да се замисли какво е салдото на тој полк.Руски пилот со П-39    Покришкин пред својата Кобра со ознаки за 55 соборени авиони до карајот на војната ке станат 59.

 

Третиот полк е 45 ГЛАП и во него има асови, командирот Дзусов, од браќата Глинка поголемиот брат има 50, а помалиот 31 победа, потоа Бабак со 37 победи и уште 10 други со звање херој на СССР. 9-та гардиска авион дивизија го започнува својот борбен од кад Кубан одликувана со ордени Ленин, Борвено Црвено знаме и Богдан Хмелницки. Маринополска-Берлинско дивизија постанува една од елитните авиодивизии кои учествува во завршните етапи на војната, во последниот ден од војната на 9 мај 1945 пилотот Г.Г.Голобев со Кобра успева да собори еден До-217 над Берлин само неколку часа пред да се објави крај на војната. Со АероКобра се вооружени повеќе од 50 ловечки полка. 637 пилоти се носители на звање херој на СССР од кои 100 летаат на Кобра. Рекордер ас на Кобра е Покришнин кој соборува 59 од кои 48 се на Кобра а останатите се на МиГ-3 и на Јак-1. До крајот на војната на вооружување се останати 3078 кобри при што се добиени 5965 од произведени 9584. Интересно е дека Кобрата не успева да се наметне како добар авион кај западните пилоти и команданти. Но советските пилоти се воодушевени од овој авион, особено се изненадени од топовското вооружување, каде една граната е доволна да потопи патролен брод. Во воздушните битки е доволно еден до два истрела да растурат ловец, а на Кобрата не се монтирани реактивните проектили за засилување на огнената моќ.

После војната 27 ГЛАП е испратен да војува против Јапонија, тие извршуваат 122 борбени лета при што соборуваат 4 јапонски авиона без сопствени загуби.

Продолжува со: Кралската Кобра Р-63

Иван Ефтимов