Првиот UL со македонска регистарска ознака Печати
Среда, 27 Февруари 2008 13:01
Pipistrel SinusПовторно Македонија се збогати со уште една ултралајт моторна едрилица, но овој пат дојде од Словенија. Овој воздухоплов е нешто помеѓу авионче и едрилица со одлични перформаси и потрошувачка на гориво.

 

 

 

На 11 Февруари 2008 година на аеродромот Александар Велики во Скопје кога слета овој воздухоплов за првпат во Македонија аероклубот Скопје приреди спектакуларен дочек со полетување и слетување на Спортскиот аеродром “Скопје- Стенковец на овој воздухоплов со уште три други авиончиња. Во парови се полета од Александар Велики и се слета на аеродромот Стенковец. Овој воздухоплов е од типот Pipistrel Sinus и е важен во историјата на македонското воздухопловство како прв ултралесен авион со македонска регистарска ознака Z3-UA001. Овој воздухоплов е висококрилец со распон на крилата од 14,97 метри. Има мотор Rotax 912 со 80 коњски сили. Има финеса 18 и крстаречка брзина од 200 километри на час со потрошувачка помалку од 10 литри. Овој воздухоплов е врвот од овој тип на воздухоплови во светот. Има дигитална инструмент табла, EFIS, GPS 296 и најинтересно е тоа што е опремен со автоматски пилот кој е синхронизиран со GPS-от. Овој воздухоплов е вистинско уживање да се лета во него. Како бешумно да продира низ воздухот се до слетувањето. Сместен е во хангарот на Спортскиот аеродром Скопје – Стенковец и кој е заинтересиран може да дојде и да го види.

 

Pipistrel Sinus
 

 

Pipistrel Sinus
 

 

Pipistrel Sinus

Фото и текст: Никола Давидов