Воздушната Кобра на Bell P-39 |
![]() |
![]() |
![]() |
Четврток, 15 Февруари 2007 17:41 | |||
Гледано однадвор нема ништо особено различно од било кој друг авион од тоа време, но гледано одвнатре, ниту еден агрегат не е таму кај што сите се навикнати да го гледаат. Една од легендите е дека во тоа време на бум во американската авиоиндустрија, постои недостаток на воздухопловни инженери, па затоа од копанијата Bell се приморани да вработаaт автомобилски инженери, па затоа Кобрата има предно носно тркало и вратичка за влез на пилотот, што наликува на автомобил а не авион. Но вистината е сосема различна, конструкторите сакат да го направат што е можно поспособен за маневрирање, затоа го форсираат како конструкција носното тркало, моторот е поставен назад со долга осовина од околу 3 метра, и празнина за да се монтира оружје со голем калибар, еден топ од 25мм и два митралеза од 12.7мм. Во 1937 година немало произведено воздухопловно оружје со таков калибар, а со самото поставување на кабината поназад се влошува и прегледноста на пилотот во долната полусвера. Немајќи друг избор конструкторите ја издолжуваат осовината и моторот го ставаат зад пилотската кабина. Со центирањето на авионот со моторот во средина се добива една одлична маневарска машина. Перформансите се солидни за тоа време: максимална брзина од 640 км/ч на висина од 6100 метри и тежина од 2500кг.
![]() На 7ми октомври USAAF доставуваат документ со кој ги обврзуваат Bell да направат еден експериментален авион за тестирање. Така се раѓа ХР-39 кој е призведен во сојузната држава Охајо. На 6ти април тест пилотот Џими Тејлот полетува со првата Кобра. Перформансите се солидни, плафонот на авионот е 9740 метри, се искачува на 6100 метри за 5 минути со максимална брзина од 628 км/ч и со тежина од 2862 кг. без вооружување. USAAF потпишуваат за првата серија за тестирање од 12 авиони. Првиот од таа серија е вооружен со еден топ од 37мм и 2 митралези од 12,7мм во крилата, моторот Елисон В-1710-17 со тубро висински компресор е заменет со невисински В-1710-39 со максимален плафон од 4050 метри, бидејки се сметало евентуалните противници на САД немаат стратегиска авијација и нема потреба од поголема висина, за на USAAF и треба авион кој ќе служи за непосредна подршка на борбеното поле.
![]()
Но промените доведуваат до влошување на летачките карактеристики на ХР-39В, максималната брзина паѓа на 600 км/ч на 4000 метри а времето за искачување на 6100 метри е веќе цели 7.5 минути. Но и покрај тоа војската на САД порачува голема серија од 80 авиони од верзијата Р-39С(фабрички модел 13), меѓутоа таа бројка не ја задоволува фирмата која се надева на поголема побарувачка, но армијата го избрира конкурентот на Р-39, авионот на Куртис Р-40. Во таа позиција Bell го предлага својот авион на Франција и Велика Британија. Франција порачува 200 авиони но брзата победа на Германија над Франција не дозволува таа зделка да се оствари. Британците порачуваат 675 авиони, и бидејки во РАФ нема ознаки на авионите, Р-39 го добива името Airacobra, а во техничката документација е заведен како Р-400 или Bell model 14. Но покасно се покажува дека на Британците им е понуден авион со перформанси измерени од тестовите, а не вистинските. Но и покрај сето тоа зделката е склучена и Кобрата оди во војна во Европа. Основни модификации на Р-39
Продолжува со: Bell P-39 во Европа и САД Иван Ефтимов
|