Bell P-39 во Европа и САД |
![]() |
![]() |
![]() |
Петок, 16 Февруари 2007 16:20 | |||
Кога виделе дека има разлика помеѓу дадените на хартија и вистинските перформански, британците почнуваат со сериозни тестирања на авиони, прават воздушни тренинзи со Спитфаер и Месершмит Ме-109Е-4 заробен од германците. Излегува дека Кобрата е подобра од Месерот на висина под 6000 метри, додека со Спитот нема шанси дури и под 4500 метри. При пукање во кабината на пилотот има чад од барут, кој може да предизвика труење кај пилотот. На авионот му е потребна писта од цели 700 метри за да полета, додека Спитфајерот и Харикенот полетуваат од писти со должина од 400 метри. Први со Кобрата војуваат пилотите од 601сквадрон во септември 1941 година и добиваат 11 Кобри. Првиот борбен лет е извршен на 9-ти октомври 1941 кога пилотите успеваат да потопат еден транспортен брод. После три лета, авионот е приземјен, поради дефект во компасот. По сервисирањето, увиделе дека компасот е многу близу до оружјето кое му влијае со големата метална маса. Во март 601 сквадрон е превооружен со Спитфаери. Сите Кобри кои се во Британија се запакувани и пратени во СССР. Се бројат околу 170, а тие што се наоѓаат во САД се праќаат на друг фронт, оној на далечниот исток.
![]()
САД
![]() Но и покрај тоа освен во 8, 35 и 347 група се испратени и во 15,18, и 318 група. Откато ја изигруваат нивната улога во запирање на јапонскиот продор постепено сите кобри се заменети со Р-38 Лајтнинг, Р-47 тандерболт и Р-51 мустанг. На Американскиот континент во реонот на Аљаска и Алуетските острови е стациоирана 34 ловечка група, која осигурува заштита од јапонците а и го помага доставувањето на авиони и техника на СССР по шемата Ленд-Лииз. Во заштита на Панамскиот канал се испратени 32, 36 и 53 авионска група.
![]()
Европа Во Европа единствено се вооружени 342-ра во Рејкјавик, Исланд и 31-ва во Англија од состав на УСААФ. Поради големите загуби 31 брзо се превооружува со Спитфајер Мк5, но Кобрата се појавува во вистинска светлина во сојузничките десанти во Африка (операција Торч) каде добро оклопно опремени Кобрите се користат како ловец-бомбардер во 81 и 350 авионска единица. Исто така и при десантот при Анцио улогата е исто но со покривање од Р-40 и Спитфаер. Но и тука како и насекаде по светот Кобрата е заменета со Лајтнинг Тандерболт и Мустанг. Мал број Кобри добива и ВВ на Франција и ВВ на Италија кои се борат од страна на сојузниците. Навистна е жално за авион кој само 6 години од неговото конструирање и 22 месеца од првата борбена мисија АероКобрата е симната од вооружување. Никој од пилотите кои летат на Кобрата нема светска слава, а и ниту една битка не е добиена по заслуга на АероКобрата.
Продолжува со: Bell P-39 во Советскиот Сојуз Иван Ефтимов
|