Кралската Кобра Р-63 PDF Печати Е-пошта
Среда, 21 Февруари 2007 08:15

P-63Во текот на ескплоатацијата на Р-39 се забележува еден конструктерски недостаток. При потрошување на муницијата се изместува центарот на рамнотежа, и многу често се случува авионот да влезе во плосток спин со опашката надоле. Така уште пред да влезе САД во војната, на конвенција компанијата Bell го претставува идниот ловец.

 

 

 

 

Р-36 претставува Р-39 но исчистен од овие недостатоци, малку поголем на површина и со поинакво крило, со зголемена тежина но и со многу помоќен мотор. Вооружувањето е сместено во носот, каде покрај 37мм топ и 2 митралези има уште 2 митралези од 12,7мм. Моторот е Елисон В-1710-93, а под телото има едно место за закачување на една бомба од 227 кг или еден резервоар од 240л. Прототипот е изграден во почетокот на 1942 година, а на 21 февруари 1942 полетува еден од прототипите, но нема среќа, после само неколку лета се срушува, исто се случува и со вториот прототип. Но и покрај ова сепак влегува во сериско производство.

P-63

 

Во 1942 година е веќе јасно кој ќе биде главниот клиент за тој авион, па така се поканети официјални претставници на СССР, тест пилотот Андреј Григориевич Кочетков и авиоинженерот Фјодор Павлович Супрун. Овие двајца се испратени поради недостатоците на Р-39 и поплаките на пилотите. Освен откинувањето на опашниот стабилизатор и влегувањето во спин, Кобрата има уште еден недостаток, поради тесните вратички не е секогаш возможно да се излезе од авионот. Поради тоа во СССР се испратени и многу познати конструктори како Лејтон Џорџас, Џорџ Реј и други. Еден млад пилот на Кобра раскажува како по чудо се има спасено од сигурна смрт кога неговата Кобра влегла во спин, а при излегување некоја невидлива сила го залепува за крилото, и успева да се спаси благодарение на огромна физичка сила со лизгање по крилото.

Во еден убав априлски ден на 1944 година некаде сосема близу водопадите на Нијагара. Во дворот на една живинарска фарма во Бафало лежат остатоци на еден ловец од типот Р-39. Покрај патот еден американски полицаец разговара со пилотот кој штотуку се е приземјил со падобран.


-Чиј е авионот?
-На компанијата Bell.
-А вашата националност?
-Русин.
-Државјанство?
-Државјанин на СССР.
-Господине, вие не се шегувате нели?
-Не, се разбира.
-Ама како, советски пилот над Нијагара?
-Јавете се во компанијата Bell и се ќе ви биде објаснето.


И нормално полицаецот се јавил и после некоја минува пристигнува цел тим од Bell како и авиоинжинерот Супрун. Се собира цел тим за да се разјасни целиот пробелем, во авионот на Кочетков се ставени средства за следење на работата на авионот. Кочетков прави секакви маневри и ги бележи недостатоците, при влегување во спин, авионот е послушен и брзо излегува од него, потоа ги прави пак истите маневри но сега е без муниција и се случува она за што сите се дојдени, влегува авионот во спин и никако не може да излезе од него, но Кочетков не сака да го напушти, тој работи, пробува, бара, знае дека со секое научено нешто може да услее да спаси живот на некој него другар на фронтот. При висина од само 800 метри , тој го исклучува моторот, го прекинува доводот на гориво, и се фрла надвор од авионот, но е залепен за крилото како мува за мед. Сега во главата му се зборовите на младиот пилот и Кочетков се лизга по крилото и станува слободен, ја потегнува рачката и се отвара падобранот. За тој настан Кочетков е одликуван со златна гасеница на Ирвин - тоа е гасеница од која се прави свила за падобрани во природна големина и е направена од чисто злато со очи од брилијанти. Се дава на луѓе што се имаат спасено со падобрани на Ирвин при екстремни ситуации. Интересно е да се каже дека Кочетков не е единствен русин одликуван со гасеница, прв воопшто е Михаил Громов одликуван 1928 година.

 

P-63
 

Комисијата утврдува дека при празен авион центарот на рамнотежа е за 2% изместен наназад. Нешто кое ќе биде отстрането во наредните серии. Додека е во САД Кочетков бара да го испроба новиот авион во воздушен дуел со Месершмит, но таков нема во Америка и за тоа од Пентагон им праќаат еден Мустанг со топ пилотот Стенли, кој исто така е носител на златна гасеница. Во воздушниот бој нема победник, и двата авиона се трудат да влезат во опашката на противникот и да ја сликаат. Р-63 е одобрен од СССР и САД и е пуштен во сериско производство.

P-63

 

Р-63 се разликува од Р-39 во поголемите размери. Кабината на пилотот е малку понапред, моторот е Елисон В-1710-93 со двостепен компресор и со зголемена моќност од 1150 коњски сили. Освен тоа моторот има и така наречен вонреден режим на работа, т.е. Форсаж каде што се впрскува метанол со што моќноста на моторот се зголемува до 1500 коњски сили. Таа моќност моторот може да ја користи само 5 минути во воздушна борба. Сето тоа води до подобрување на карактеристиките на авионот. На пример радиусот на виражот е 272м додека на неговите противници Ме-109г е 290м а на ФВ-190А е 340м. Елисата е четирикрака, Еропродакс А64-2СД1 со хидрауличко командување на степенот на вртење. Вооружувањето на Р-63 е еден топ од 37мм кој е низ оската на пропелерот, како и 2 митралеза од 12.7мм кои се монтирани во носот, а има можност и за монтирање на уште 2 такви но во крилата. Под телото има можност за закачување на една бомба од 227кг или резервоар. Заштитата на пилотот се состои од челични плочи со дебелина од 6.35мм пред редукторот на пропелерот пред пилотскта кабина, а има и оклопно седиште.

Целиот производствен циклус е од 3036 авиони.

Р-63А - произведени се 1725  авиони.


Р-63В - не е произведен, постои само на хартија, не е конструиран бидејки моторот Ролс-Ројс Мерлин кој е наменет за него е ставан на Р-51 Мустанг.

Р-63С - варијанта со мотор В-1710-117 од 1500 коњски сили.


Р-63D - веќе е со нормална кабина, која се лизга назад и има форма на капка.


RP-63 Pinboll - е летечка мета, обоен со црвена боја да се познава од далеку, тој е создаен да ги тренира стрелците на бомбардерите. Целиот авион е силно оклопен сите можни места се засилени со мрежи за да не влезе некој куршум, кои пак од своја страна се со мека кошилка која е пробивна.

Основниот корисник на Р-63 е СССР, првата партија од тој авион е во летото на 1944 година, но во големи количини се појавуваат дури во пролета на 1945 година. Со нив се вооружени најпрво полковите од ПВО. При височина над 7500м СуперКобрата ги надминува по борбени квалитети авиони како Спитфајер МК9 како и најновиот авион од советско производство Ла-7.

На 24 јуни почнува нападот на Монголија, на тој театар на војување СуперКобрата е како најдобар ловец на Црвената Армија. Но при недостигот на противници во воздухот, Кобрите се користат за дејство по земјата. Единствено пилотот Мирошенко успева да собори еден јапонски авион. До крајот на војната СССР добиваат околу 2400 Кралски Кобри. Последниот е доставен на 29 септември 1945 година. После војната Р-63 е најраспространет странски авион во СССР, останал на вооружување се до 1953 година.

Во ВВ на Слободна Франција.

Околу 300 авиони се предадени на Франција после ослбодувањето. Со Р-63 се вооружени сите елитни авиогрупи на Франција. Во 1951 се испратени да војуваат во Индокина против Виетнам, каде се користени како јуришни, во борба со партизанските единици на Виетнам. Војната кариера им е прекратена поради недостигот на делови.

Најдолго Р-63 останува на вооружување во ВВ на Хондурас, таму се испратени 5 авиона во 1948 како воена помош. Авионите се користат до 1957 година при ште се вратени во САД и продадени на богати колекционери.

Со исклучување на Хондурас секаде по светот Кобрата е тргната од вооружување во период од 1947-1953. Но неговиот живот продолжува како авион за трки каде уште еднаш се натпреварува со неговиот конкурент Р-51 Мустанг.

 

Ефтимов Иван