Тупољев 144 (Конкордски) |
![]() |
![]() |
![]() |
Среда, 28 Февруари 2007 06:02 | |||
![]()
Сличностите на надворешниот дизајн се огромни, но уредите за навигација управување и останатите битни елементи се потполно различни. Потполно исто како Буран вселенската програма, која била лансирана "само за инает" на американската Спејс Шатл програма. Сергеј Павлов - официјален претставник на Аерофлот (компанијата која главно го користела Тупољев 144) бил уапсен во Париз, 1965 година бидејќи ги поседувал деталните планови на системот за кочење, тркалата и целосната рамка на Конкорд. Друг руски агент бил уапсен во 1977 бидејќи ги поседувал сите планови на прототипот на Конкорд од 1960 година.
Прототипот прв пат полета на 31 декември 1968 близу Москва, 2 месеци пред Конкордот. Тупољев 144 прв пат ја проби звучната бариера на 5 јуни 1969, а на 15 јули 1969 стана првиот патнички авион кој ја преминал границата од 2 маха. На париското шоу во 1973, додека полетувал пилотот незнаејќи дека над него лета француски Мираж (летал во непосредна близина со цел да ги слика револуционерните крилца кај Тупољев 144, воедно непочитувајќи го правилото на оддалеченост од 5 милји на секој аеро митинг), што го натерало пилотот да направи нагло вртење а од ова откажале моторите. За да ги рестарира, се нурнал кон земјата меѓутоа од огромната брзина и наглото вртење авионот се скршил во воздух и се урнал.
![]()
![]()
Исходот на оваа несреќа очигледно е направен да се избегне одговорноста на обете страни, француската влада се спогодила со владата на тогашниот Советски Сојуз дека немало шпионски Мираж во воздухот, а Русите како надомест добиле јавен исказ од французите дека немало технички проблем со Тупољев 144 туку дека грешката била од човечки фактор - пилотска. Црната кутија од летот е уништена. За крај, ви ја прикажуваме видео снимката од падот на овој Тупољев 144.
|