Supermarine Spitfire |
![]() |
![]() |
![]() |
Петок, 02 Март 2007 08:51 | |||
![]()
На 1-ви октомври 1931г министерството за авијација на Велика Британија, објавува конкурс за изработка на нов ловец за потребите на RAF (Royal Air Force), со кодна ознака N.F7/30, кој би бил способен да го замени веќе остарениот Bristol Bulldog. На конкурсот се пријавиле: двокрилците Bristol 123, Hawker PV3, Westland PV4, BlackBurn F.7/30 и Gloster СС37, како и монопланите Bristol 133, Wickers Jockes и Supermarine type 224 кои што бил дело на конструкторот Mitchel.
![]() Предвидено било новиот авион да се опреми со морот Rolls-Royce Goshawk кој според теорeтските перформанси би требал да може да развие брзина од 450 km/h. Меѓутоа бидејќи овој мотор не успеал да ги постигне предвидените перформанси, конструкторскиот тим се решил истиот да биде заменет со мотор од типот Naper-Dagger со моќност од 589 KW или 790 ks (коњски сили). Но во почетокот на 1934г во министерството пристигнала информација дека компанијата Rolls-Royce развива мотор со кодна ознака RP-12 ( идниот Merlin), кој што е клипен мотор со 12 цилиндри и водено ладење, а неговта моќност изнесувала од 625 до 790 ks на висoчина од 3700 m. На 6-ти ноември 1934г е решено да се преработи предниот дел на авионот за да може да го собере новиот мотор на Rolls-Royce. На 1-ви декември е склучен договор вреден 10 000 фунти за изработка на еден прототип од ова летало. Производството на прототипот почнува во есента 1935г, а истиот е завршен во февруари 1936. Во март истата година, авионот со ознака RAF K5054 е готов за лет, a нанего е монтиранa елиса од типот Watts. На 5-ти истиот месец, тест-пилотот кап. J. Samers го вивнува во воздух овој сосема нов авион, кој што всушност претставувал сосема нов концепт на летало. Имено, цели 20 минути леталото било со слуштени тркала, кога одеднаш, на големо изненадување на публиката (составена од лица од највисоките државни структурите и Бритамските благородници) пилотот ги вовлекол тркалта во трупот на леталото. Во традицијата на Британската кралска воена авијација, уште од нејзиното формирање е прифатено правило по кое секој тип на авион треба да поседува свое оригинално име. За штотуку прикажаното летало (Тype 300) веднаш паднале неколку предлози. Првиот бил од командата на морнарицта и гласел е Shrew, што во превод значи жена која нема влакна на јазикот или жена која многу зборува. Но, сепак било избран предлогот на sir Roberth McLiin koj што гласел Spitfire. Самиот збор Spitfire води потекло од времето на кралицата Victoria и во слободен превод означува арогантен тип на човек што нема влакна на јазикот туку "блуе" оган кога зборува. Интерсно, но според двата предлози би можело да се заклучи дека луѓето биле воодушевени или од агилноста или од звукот на леталото. Продолжува со: Supermarine Spitfire: Сериско производство
|