Supermarine Spitfire: Сериско производство |
![]() |
![]() |
![]() |
Понеделник, 05 Март 2007 15:45 | |||
Така пилотите од 19-тата и 66-тата ловечка екскадрила кои имаат над 400 саати налет и чии ескадрили се вооружени со Gloster Gauntlet ја имаат честа да го пробат новиот авион. Според нивното мислење авионот е лесен за летање, има маневрибилност како двокрилец, а како единствен проблем бил наведен тесниот слетен трап кој правел проблеми при слетувањето.
![]()
Посебно внимание привлекувало крилото на Спитфаерот, кое за тие времиња било вистинска иновација. Пред се неговиот елипсоиден облик, со можност за отварање на четири лежишта за митралези како и можноста за дополнително оптоварување со 4 бомби под самото крило. Се смета дека главниот конструктор Mitchel, добил инспирација од крилата на наколку авиони дизајнирани од професорот Heinkel (виден германски конструктор на авиони). Иако главниот инженер задолжен за аеродинамиката на авионот негира дека крилото е копија на крилото од Hе-7, некои сепак потенцираат дека сличноста е голема за да се отфрли таквата можност.
![]() Во периодот на т.н. Минхенска криза во есента на 1938, Спирфаерите од верзијата Мк1 почнуваат да влегуваат на вооружување на RAF(Royal Air Force). До тој момент ловечките екскадрили на RAF се вооружени со Gloster Gauntlet (9 екскадрили), седум се со Hawker Demon, пет со Gloster Gladiator, три со Hawker Fury и само пет се со Hawker Huricken од типот Мк1.
![]()
На први јули 1939г сериски авион со ознака L-1009 бил опремен со топови од 20 mm од типот British Hispano, со барабански полнач, при што се демонтирани сите митралези од крилата. Првите испитувања на овој нов систем биле очајни. Повратната ударна сила била толку голема што пилотот бил принудуван да го корегира курсот на авионот. Продолжува со: Supermarine Spitfire и неговите варијанти
|