Grumman Wildcat F4F PDF Печати Е-пошта
Недела, 15 Јули 2007 14:16

Grumman F4fНа почетоткот на 40-тите, морнарицата на САД распишува конкурс за ловец авион кој ќе ги замени застарените двокрилци. Груман се јавува на тој конкурс со авионот Ф4Ф, но за негова несреќа или среќа е победен од Бафалото на Brewster.

 

 

 

Како варијанта за да се спаси Груман го предлага авионот за странство, во тоа време веќе беснее војната во Европа, Британија е стесната од сите страни и и е потребна секаква помош во техника. И така дивата мачка на Груман оди во Британија, каде го добива името Мартлет. Првиот воздушен бој е со еден Ју-88 над морнаричката база Скапа Флоу, каде и го забележува првиот успех, тоа е всушност и првиот соборен авион во војната од страна на американски авион. Во подоцнежниот период командата ги префрла во одбрана на конвоите во Атлантикот. Тука мачката има голем успех во борбата со Кондорите FW-200 на Луфтвафе.

После нападот од Јапонија над Перл Харбор, сите останати авиони од линијата на Груман се предадени во служба на морнарицата. Тука нема голем успех поради фактот дека го има за противник јапонскиот Зеро. Единствено оклoпот што го има околу кабината и специјалниот сигнален уред кој е за наоѓање на носачот во океанот може да се сметат за позитивна страна. Јасно е дека е време за замена на дивата мачка. Како негативи страни се посочуваат кратките нозе, т.е. малиот радиус на дејство, како и слабиот мотор.

Како заклучок Вајд кат има 15 555 борбени лета со соборени 1327 авиони и со 191 сопствени загуби.

 

 

Grumman F4f

 

Продолжува со HellCat F6F

Иван Ефтимов