Grumman Hellcat F6F PDF Печати Е-пошта
Недела, 15 Јули 2007 14:26

Grumman F6fВо почетокот на војната морнарицата на САД,бара модернизација на Ф4Ф. Првин Груман планира помала надоградба на веке постојниот модел, но покасно се определува за доста појак морот кое од своја страна ја сменува целата концепција. Резултатот е еден авион кој ќе се прослави во најголемиот воен театар кој некогаш се одиграл во историјата на човековото постоење.

 

 

 

Хелкет ги задржува ситe добри особини од Вајлдкат, оклоп околу сите важни елементи на авиони. Впрочем поради тоа ставање на оклоп во авионите Груман го добива и познатиот прекар Grumman ironworks (железара). Хелкет е дел од новата доктрина на војување која ја наметнува морнарицата. Брзите носачи на авиони како замена за борбените бродови, во секој носач има по 36 ловци (претежно Хелкет, но има и Ф4У Корсер уште еден многу позната авион од тоа време), 36 Пикирачки бомбардери, како и 16 торедни бомбардери.

Како цело Хелкет е многу успешен авион, или со речникот на американците, тој авион ја однесе “тепачката“ во дворот на јапонците. За целата војна Хелкет има 66 530 борбени полетувања од кои окоу 62 000 се од носач. Има соборено 5 163 авиони, со претрпени 270 загуби или во сооднос 19:1.
Овој авион е и авион на асови, 306 пилоти на морнарицата и маринците се здобиле со титула АС (т.е имаат соборено 5 или повеке авиони).

 

Grumman F6f


1263 авиони Хелкет се предадени во служба на Британците на Европсото боиште. Тука авоните имаат претежо позадинска работа, разузнување и фотографирање. Обезбедување на конвои и слично. Хелкат и тука докажува дека е опасна мачка, дури и со основните германски ловци Ме-109 и ФВ-109. Но предноста е на страна на германците. Поради што група на инженери од САД, меѓу кои има и од Груман се пратени во Британија да се запознаат со заробена германска техника. При едно испитување на еден заробен ФВ-190 група на инжинери на Груман доаѓаат до идеа да се искористи телото на ФВ-190 но со американски мотор. Така се раѓа Ф9Ф БеарКет.

Grumman F6f

Продолжува со Tigercat F7F и Bearcat F8F
Иван Ефтимов