Grumman Tigercat F7F и Bearcat F8F PDF Печати Е-пошта
Недела, 15 Јули 2007 14:32

Grumman Tigercat и BearcatМоже да се карактеризира како промашена работа. И покрај што има многу добри аеродинамички перформанси, дизајниран е за новата класа на носачи.

 

 

Тајгеркет преставува двомоторец кој е опремен со мотори со 2100 кс. и многу моќно вооружување 4 митралези од 12.7мм и 4 топа од 20мм. Неговата воена кариера почнува во Корејската војна, каде и покрај фактот што има силни мотори веќе е застарен, времето е на реактивните ловци. И во 1954 година е повлечен од употреба.

 

Grumman Tiger Cat f7f

 

 

Bearcat F8F

Во 1943 година група на инжинери на Груман имаат можност да разгледат еден заробен ФВ-190. Авионот е заробен од британците и е предаден како неинтересен на американците. Овие пак се толку многу заинтересирани што еден тест пилот пишува во развојната фаза или сектор 58 дека „Тоа е авионот што и треба на морнарицата за борбата со самоубиствените напади на јапонците„.
Искористено е телото на ФВ-190 но со мотор Прат и Витни Р-2800-34В со 2100кс.
Авионот е вооружен со 4 митралеза 12.7мм Браунинг М2 како и со 4 ракети кал. 127мм.

Но неговото појавување е доцна, војната е веќе завршена. После војната Ф9 се наметнува како основен ловец на морнарицата и со него се вооружени 24 ескадрили. Ф9 има и извозен успех. Одреден број се продадени на Тајландската морнарица. Исто така и Франција добива од тој тип. Француските Ф9 се користени во првата Индокинеска војна (Виетнам). Ф9 е и основниот авион на Сините Ангели.

 

Grumman Bearcat

 

 

Ф9 е во служба на носачите кога почнува Корејската војна, но време е за реактивни мотори, мода која ја промовираа германцита кон крајот на 2-рата светска војна со Ме-262. Затоа Груман оди во реактивната ера.

Продолжува со F9F Panther

Иван Ефтимов