Екраноплан |
![]() |
![]() |
![]() |
Понеделник, 24 Ноември 2008 03:44 | |||
![]()
![]() "Каспиското морско чудовиште" на сликава се движи со брзина поголема од 500 јазли, а тежи преку 540 тони! Екраноплан не се вбројува во воздухоплови ниту во бродови, едноставно е мешавина од двете. Се движи по динамичка перница од воздух која се создава од движењето нанапред кое го остварува. Има слични карактеристики како повеќето лебдечки направи - и обете летаат на мало растојание од површината, но не може да лебди додека е неподвижен.
![]()
Се започнало како многу амбициозна програма лансирана во 1960 година кога Екранопланот успешно ги помина сите летечки тестови. КМ или Каспискиот морски звер - 540 тонска машина била изградена со многу понапредна технологија од актуелната на Западот. Причината што е толку голем се потребите за тестирање на основите на еден ваков дизајн. Сите тестови биле успешни па во 1967 година била постигната неверојатна брзина од 500 јазли и висина од 20 метри, иако почетната максимална висина била само 3 метри. Осум КМ биле направени со различни спецификации. Како што Екранопланот забрзува, воздухот е компресиран под неговите кратки стабилизирачки крилја се додека нема доволно притисок за да биде создадена сила за подигање, која го одржува леталото во воздух. Ова е познато како Wing-In-Ground effect а овие летала уште и се нарекуваат со кратеницата WIG.
![]()
![]()
Огромната брзина која Екранопланот може да ја постигне се должи на фактот што нема триење помеѓу трупот на леталото и водата. Сите Екраноплани се амфибиски летала и лесно можат да летаат над земја или вода со огромна брзина, се додека површината е релативно рамна. Обично тргнувањето и застанувањето се извршува од вода, но не мора да биде правило.
![]() Последниот Екраноплан бил изграден во 1987 година во поранешниот Советски Сојуз и бил 100-процентна борбена платформа која можела да испалува проектили и да пренесува војници. LUN тежел 400 тони и носел 6 големи проектили на горниот дел од трупот и можел да пренесува тенкови и камиони во огромниот карго простор. Во времето на распаѓањето на Советскиот Сојуз вториот LUN бил во изработка, но поради финансиските тешкотии армијата го откажала проектот.
![]()
|