Историја на борбениот авион F-20 во Македонското Воено Воздухопловство |
![]() |
![]() |
![]() |
Недела, 06 Декември 2009 13:34 | |
Распадот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија го дочека југословенското воено воздухопловство и противоздушна одбрана (RV i PVO) во фаза на суштинска структурна трансформација и премин од источна на техника од западно производство, особено во сегментот на млазната ловечка и повеќенаменска фикснокрилна авијација. Имајќи го во предвид цивилизираниот и конструктивен приод на политичките раководства на Републиките и Сојузните Автономни Покраини кои до 1991 година ја сочинуваа СФР Југославија, самиот процес на дезинтеграција одеше брзо и ефикасно. Имено, за разлика од крвавата дезинтеграција на Чехословачка, процесот на раздружување на СФР Југославија беше изведен мирно и цивилизирано при што предмет на делба, меѓудругото, беше и целокупниот имот на југословенските вооружени сили попознати под името Југословенска Народна Армија (JNA). За тој специфичен сегмент на делба беше донесена политичка одлука секој конститутивен елемент на југословенската федерација да го задржи во трајна сопственост целокупниот недвижен имот на ЈНА кој ќе го затекне на сопствена територија на 1 Јуни 1991 година. Во однос на движниот имот беше договорена комплексна формула на поделба помеѓу конститутивните сегменти на СФР Југославија, а врз основа на нивните реални потреби и тогашните безбедносни проценки на југословенските и републичките служби за безбедност за евентуалната идна безбедносна загрозеност на секоја Република по напуштањето на југословенската федерација. Како резултат на ваквиот процес, на Република Македонија, меѓудругото, од движниот имот на ЈНА и беа отстапени 30 лесни едномоторни борбени авиони Northrop F-20 Tigershark, што претставуваше само дел од вкупно 180 нови авиони F-20 кои Југославија ги купи од САД во периодот 1984-1988 година. Автор: Игор Божиновски
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
Изработка на макета: Драган Цветиќ
|