Boeing business jets објави нов член на оваа фамилија PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 23 Октомври 2006 10:55

Boeing Business JetsНа 19-ти октомври Boeing  Businesss jets славеа 10 годишнина од своето постоење, и на таа пригода го објавија лансирањето на новиот проект - BBJ 3. Авионот базиран на 737-900ER освоил две порачки од непознати купувачи.

 

 

 

Новиот BBJ 3 е најголемиот BBJ авион кој нуди 104 метри квадратни од кабински простор, дури 35 проценти повеќе од првиот а 11 проценти повеќе од вториот BBJ. Со 8 додатни резервоари за гориво, овој авион иа домет од околу 10,140 километри.

Со новите порачки за овој авион, програмата на BBJ станува се поуспешна со вкупна цифра на порачки од 114.

Пред 10 години, Boeing и General Electric ја основаа Boeing Business Jets, компанија која им нуди авиони на приватните сопственици, претседатели на држави и влади, авион од долг опсег со три пати поголем внатрешен простор од традиционалните авиони од овој тип.

 

Boeing Business Jets

Oд тогаш, BBJ стана осмиот најголем купувач на Next-Generation 737. Купувајќи ги од Boeing Commercial Airplanes,  Boeing Business Jets потоа ги доставува до своите купувачи онакви какви што ги одбираат. Од своите купувачи, околу 43 проценти се прицватни лица, 35 проценти се владини купувачи, 12 проценти големи корпорации и останатите 10 проценти чартер компании.

BBJ 3 се придружува кон фамилијата, која започнува со BBJ кој потекнува од 737-700, и BBJ 2 кој е базиран на 737-800. Првиот беше лансиран на 2 јули 1996, а вториот модел на 11 октомври 2006.