Нови Ми-17-1V за Индија PDF Печати Е-пошта
Вторник, 24 Октомври 2006 13:48

Индиско ВВИндиското Воено Воздухопловство објави дека купува уште 80 Mil Mi-17-1V повеќе наменски хеликоптери од Мил фабриката во Казан. Договорот е вредет повеќе од 660 милиони американски долари, и ќе биде завршен во следните неколку месеци.

 

 

Првите летала се планирани на испорака во почетокот на следната година. Последниот хеликоптер е планиран за 2008, со што ќе ја заменат целосно флотата на стари Ми-8, а ќе ја зајакнат веќе постоечката флота оф Mi-17-1V која се состои од 37 летала.

Индијско ВВ

 

Одбрани помеѓу AgustaWestalnd EH101 и Eurocopter AS532 Cougar, новите Mi-17-1V ќе бидат користени за транспорт на трупи и карго, медицински евакуации, спасувачки мисии и евентуално за гаснење на пожари. Министерството за Одбрана на Индија не ја исклучува можноста хеликоптерите да бидат опремени и за воени дејства.

Њу Делхи пак, се соочува со проблем при потребата на се повеќе хеликоптери. Военото воздухопловство неодамна објави тендер за набавка на 12 нови хеликоптери, вклучувајќи 8 за ВИП потребите на земјата. Армијата до крајот на годината треба да го затвори тендерот важечки до крајот на годината, со набавка на флота од 197 лесни хеликоптери, со Bell 407 и Eurocopter AS550 како главни конкуренти. Индијската Воена морнарица исто така има објавено тендер на 16 против-подморнички воени хеликоптери кои ќе ги заменат Westaland Sea King 42, и исто така сака да набави 6 нови транспортни хеликоптери.

 

Индијско ВВ