Convair B-36 PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 20 Ноември 2006 08:57

Convair B-36Convair B-36 бил стратешки бомбардер на американското воено воздухопловство кој имал интерконтинентален дострел. Неофицијално наречен "Peacemaker" овој бомбардер е придвижуван од шест класични цилиндрично-елисни мотори а во D верзиите се користени и 2 млазни мотори на краевите од крилата, за подобрување на перформансите на најголемиот бомбардер придвижуван од клипен мотор кој некогаш бил масовно произведуван.

 

До неговото производство доаѓа по Втората Светска Војна, поради стравот дека еден ден ќе дојде до нуклеарна војна помеѓу тогашниот Советски Сојуз и САД, па затоа бил потребен авион кој морал да ги задоволува карактеристиките на полетување од американско тло, бомбардирање на евентуални цели во Источна Европа, и безбедно враќање назад. Во тој период американското воено воздухопловство на располагање има бомбардери од типовите на B-17, B-24 и B-29, од кој само последниот е способен да носи нуклеарно оружје. Со создавањето на Стратегиската воена команда (СВК) се преземаат обиди да се модернизира B-29 со други мотори и нова ознака B-50 меѓутоа проектот е неуспешен па на крај се конструира B-36 Colt. Со развивањето на помоќните мотори па со тоа се пристапува кон градење на огромна конструкција која е способна да носи тешки нуклеарни оружја.

Convair B-36

Иако авионот бил наменет за нуклеарен напад, бил употребен во повеќе наврати и тоа во "Унгарската револуција" и "Суецката криза", ама за среќа никогаш нема употребено ниту една бомба, со што со заслуга го носи името "Миротворец".

Convair B-36

BORG