Kamov Ka-50 |
![]() |
![]() |
![]() |
Вторник, 21 Ноември 2006 14:00 | |||
Машината била замислена како мала, брза и агилна, а дизајнирана да биде издржлива и смртоносна. Стручњаците веруваат дека има супериорни летачки карактеристики споредени со останатите слични летала од советскиот арсенал, меѓутоа инфериорна авионика споредена со конкурентите од западниот свет: AH-64 Apache и Eurocopter Tiger како главни противници. Ова се должи на фактот што за да се добие максимална брзина и агилност, морало да се скрати на тежината и големината, од што, машната станала едносед. Камов по борбите во Авганистан и другите слични воени подрачја, заклучил дека за таквите типични напаѓачки мисии (ниско ниво на лет, појавувачки мети и лансирање на оружје) не е потребно симултано навигирање, маневрирање и пукање, па со добро дизајнирана автоматска подршка еден пилот може да ја изврши целосно мисијата сам. Како и други хеликоптери на Камов, и овој е направен со карактеристички контра-ротирачки роторен систем, кој ја елиминира потребата од мотор опашката, со што директно ги подобрува акробатските квалитети, со поставеноста на брзините во предниот дел (наместо во задниот, што одамна е докажано уште од Виетнам дека ваквата поставеност е смртоносна од напади од земја) прави хеликоптерот да биде мала и тешка мета на оган од земја. Консрукцијата на роторниот систем е направена да издржи погодоци од 23 милиметарска муниција како и останатите витални делови од овој хеликоптер. Во јануари 2001, Ка-50 за прв пат се најде во борбена операција, пукајќи на непријателски позиции во Чеченија. Подоцна ќе изврши повеќе мисии во борбената зона, но не колку побројниот Mil Mi-24 кој е подобро опремен за герилски тип на операции. Овој хеликоптер е првиот кој е опремен со исфрлувачко седиште. Секунди пред да се запали ракетата во седиштето К-37-800, роторните лопатки се исфрлаат од експлозивно полнење во роторниот диск и кабината се исфрла. Исто така постои и двосед верзија назначена како Kamov Ka-52 или "Alligator". Гласините велат дека дел е развиен за специјални операции, а дел од последиците на сомнеж од страна на купувачите поради концептот на еден пилот развиен од Камов.
|