North American F-86 Sabre |
![]() |
![]() |
![]() |
Петок, 24 Ноември 2006 09:52 | |||
Предностите на овој авион биле зголемената прегледност од кокпитот, огнената моќ од 6 М-3 12.7 мм митралези и J35-A-5 turbojet моторот кој подоцна бил заменет со J-47 turbojet кој официјално го пробива звучниот зид на 26 април 1948 година. Иако овој авион не бил дизајниран за суперсоничен лет, имал капацитет да го пробие звучниот зид додека се спушта нагло надолу, исто како кај Douglas DC-8 i Boeing 747. На 18 мај 1953, Jacqueline Cochran летајќи со канадската верзија F-86E станала првата жена која го пробила звучниот зид. Во поранешна Југославија, како корисник на овој тип на авиони, на 31 јули 1956 година за време на тренажен лет, е забележано првото пробивање на звучниот зид над југословенското небо од страна на полковникот Никола Лекиќ. По само неколку години од производството на овој авион доаѓа до негова потполна употреба во Корејската војна, каде за негов противник го среќава познатиот МиГ-15. Двете летала имале слични перформанси, дизајн и наоружување, но сепак F-86 Sabre успеал да воспостави воздушна предност во однос на МиГ-15 со што односот на соборени авион бил 1:8 во полза на F-86. Со докажаните борбени и аеродинамички способности станува стандарден авион во американското воздухопловство. Неколку години подоцна се воведува во НАТО членките и СФРЈ.
![]()
|