Јури Гагарин PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 25 Декември 2006 06:59

Јури ГагаринЈури Гагарин е роден во Клушино, западно од Москва, на 9-ти март 1934 година. Тој живеел со неговите родители на фарма. Мајка му била писател, а татко му искусен столар. Додека одел во основно училиште тој го остварил првиот контакт со воздухопловството. Неговиот наставник по математика бил пилот во Црвената армија и му ѓи пренел тајните на воздухопловството на младиот Гагарин.

 

 

После основното училиште, Гагарин се запишал во средното техничко училиште во градот Саратов. Паралелно се зачленил и во локалниот аеро клуб и таму научил да лета на лесни воздухоплови. Во 1955-та година тој го завршил средното техничко училиште и се запишал во военото воздухопловно училиште Оренбург, каде што ја запознал неговата сопруга Валентина Гориачева, која ја земал за жена откако станал воен пилот на Миг-15.

Јури Гагарин


Во 1959 година бил селектиран за космонаут во првата руска посада. На 12 април 1961 година Гагарин стана првиот човек кој отиде во вселената. Вселенското летало на гагарин "Восток 1", орбитираше околу земјата со брзина од 27,400 километри на час. Летот траел 108 минути и на нај високата точка тој имал висина од 327 километри од земјата.
Јури Гагарин


На 27 март 1968 година Гагарин и неговиот колега го губат животот кога нивниот Миг-15 се руши во близина на Москва. Гагарин го губи својот живот на 34 годишна возраст. Тој го губи животот во UTI Mig-15 со сериски број 612739, кој бил направен во фабриката Vodokhod. Причината за несреќата била пилотка грешка во маневрите на воздухопловот, но и тоа што Гагарин не бил во тренажа за тој тип на воздухоплов во тоа време. Исто така се претпоставува дека причина за несреќата била и турбуленција во трага, која ја предивикал некој Су-11. После неговата смрт Гагарин е прогласен за херој. Неговиот роден град го менува своето име во Гагарин.
Јури Гагарин


avijacijamk