Фрањо Клуз |
![]() |
![]() |
![]() |
Вторник, 09 Јануари 2007 13:17 | |||
Веднаш по прогласувањето на Независна Република Хрватска NDH во 1941, бил регрутиран во Хрватсткото Воено Воздухопловство и бил префрлен во Бања Лука. Во Втората половина на мај 1942-та, тој како и неговиот колега Руди Чајевац, со авионот Потез-25 дезертира во партизани. Од импровизиран аеродром во близина на Приједор, Клуз влетал во воздушна битка против непријателски авиони. Подоцна имал успешен напад на усташки конвој во близина на Орахово на 4 јуни. На 6 јуни неговиот авион бил соборен од непријателски оган. По ова Фрањо Клуз станал член на партизанската команда во Босанска Крајина. На 14 август 1942, тој станал член на Комунистичката Партија на Југославија. На 14 октомври истата година, станува командант на првата воздухопловна база на Југословенско Народно Ослободителна Армија, сместена во Ливно, Босна и Херцеговина. По германската офанзива, Клуз и неговите 200 луѓе биле пратени во делови на Италија и Африка кои биле под сојузничка власт. Таму добиле обука, тренинг, опрема и воздухоплови од Военото Воздухопловство на Обединетото Кралство (RAF). По враќањето од Италија, Клуз станал командир на Првиот Возушен Сквадрон на Југословенската Народно Ослободителкна Армија. На 15 септември 1944 Фрањо Клуз и смртно погоден од непријателски оган во близина на Омиш. Го губи животот на 31 годишна возраст. После неговата смрт и ослободувањето на Југославија од германскиот окупатор, прогласен е за Национаен херој на Југославија. Никола Давидов
|