Мотори и нивните внатрешни делови PDF Печати Е-пошта
Четврток, 25 Јануари 2007 17:23

Мотор Моторите се погонската, движечката група на авионите. Моторот претставува сложена машина која претвора еден вид енергија во друг. Основната поделба воздухопловните мотори ги дели на: мотори со внатрешно согорување и реактивни мотори.

 

 

Во спортската авијација најчесто се користат мотори со внатрешно согорување. Тоа се такви машини, кои топлотната енергија на горивото ја претвораат во механичка работа - вртење на пропелерот, која понатаму создава влечна или потисна сила за движење на авионот. Овие конструктивно се решени на повеке начини, со различни карактеристики врз основа на кои може да се поделат во неколку групи.

Мотор

 

Според работниот циклус се делат на "Ото мотори" и "дизел мотори". Ото моторите наогаат најголема примена во спортската авијација поради нивната "мирна и континуирана" работа со високиот степен на корисното дејство. Дизел моторите во авијацијата не применуваат бидејки создаваат висок степен на компресија во цилиндрите, поради што се создаваат вибрации на авионската конструкција.

Според бројот на работните тактови Ото моторите се делат на двотактни и четиритактни. Двотактни мотори, главно, се користат кај ултра лесните летала, за разлика од четиритактните кои масовно се употребуваат во спортската и деловната авијација, поради поголемата сила која ја остваруваат. Според бројот на цилиндрите, моторите можат да бидат едноцилиндрични, двоцилиндрични, четирицилиндрични и повеке цилиндрични. До сега во воздухопловството најмногу се користат четирицилиндричните мотори.

 

Мотор

Според сместувањето на цилиндрите, моторите се делат на редни и ѕвездести. И едните и другите можат да бидат едноредни, дворедни и повеќередни.
Според начинот на ладење, моторите се делат во две групи: мотори со воздушно ладење и мотори со течно ладење. Вторите, поради својата сложеност и недоволна ефиксност во ладењето, речиси сосема се исфрлени од употреба.

Мотор

 

Според начинот на внесување на горивото се делат на мотори со карбуратор и мотори со непосредно внесување на горивото. Во спортската авијација најмногу се употребуваат моторите со карбуратор. Според промената на силата, зависно од височината, постојат мотори со и без компресор. Моторите со компресор обезбедуваат иста сила на моторот на секоја височина до врвната употреблива височина на авионот.

Продолжува со Делови на моторот со внатрешно согорување.

Автор Стефан Давчевски