Делови на моторот со внатрешно согорување |
![]() |
![]() |
![]() |
Вторник, 30 Јануари 2007 05:17 | |||
Цилиндерот е основната комора во која се врши палењето на горивната смеса и претворање на топлотната енергија во енергија на ширење на гасовите. Во него се одвива компримирањето на смесата, нејзино палење, согорување и ширење. Создадените гасови дејствуваат врз клипот и го придвижуваат, така што со неговото движење тој создава вртење на коленестото вратило. На главата на цилиндерот се наогаат седишта во кои се сместени вентилите за вцицување и издувување. Главата однадвор е ребреста, со што се овозможува подобро ладење. ![]()
![]()
Кружните движења на коленестото вратило се пренесуваат врз редукторот, кој има улога да го намали бројот на вртежите на коленестото вратило и со добиениот број вртежи да ја врти елисата. Куќиштето на моторот во кој и на кој се сместуваат сите претходно изнесени делови на моторот. Картерот е еден вид резервоар во кој стои маслото на моторот. Улогата на маслото во моторот е да го смали триењето и да обезбеди ладење на движечките делови на моторот. Покрај наведените делови, во составот на моторот влегуваат и алтернаторот, магнетите и карбураторот.
![]()
![]()
Продолжува со Турбомлазен мотор. Автор Стефан Давчевски
|