Воена авијација
Историја на борбениот авион F-20 во Македонското Воено Воздухопловство PDF Печати Е-пошта
Недела, 06 Декември 2009 13:34

Историја на борбениот авион F-20 во Македонското Воено ВоздухопловствоПокрај многуте дискусии и планови на теми слични како следнава, објавуваме една крајно интересна и многу креативна приказна за тоа како би можеле работите да се одвиваат од една сосема различна временска перспектива. Да напоменеме дека текстот е производ на идеи, мислења и очекувања и не соодветствува со вистинската историја и факти на дадениот период. Уживајте. 

Повеќе...
 
Американски оружја во Руската армија за време на ВСВ PDF Печати Е-пошта
Четврток, 23 Октомври 2008 14:29
Американски оружја во Руската АрмијаЗа време на Втората Светска Војна САД ја помогнаа Русија со многу различни оружја. Камиони, џипови, воени и карго авиони - многу различна опрема беше испратена во Русија. На повеќе следат уникатни и ретки фотографии од Втората Светска Војна направени од руски војник кој учествувал во овие мисии преку кои се остварувала оваа помош.
Повеќе...
 
Alenia C-27J Spartan PDF Печати Е-пошта
Вторник, 13 Ноември 2007 07:10
Alenia C-27J Spartan
Alenia G.222 или C-27 Spartan е двомоторен турбо елисен авион, каде како главна намена се јавува карго превоз на воена опрема, падобранци и санитетски потреби. Произведен е во Италија од фабриката Alenia, подоцна купен од Соединетите Американски Држави, кои го модифицирале предходниот дизајн на овој авион. 
Повеќе...
 
Kamov Ka-50 PDF Печати Е-пошта
Вторник, 21 Ноември 2006 14:00

Камов КА-50Камов Ка-50 е руски јуришен борбен хеликоптер. Дизајниран преку 15 години од страна на Kamov company, овој хеликоптер служи во руската армија од 1995 година. Со колапс на Советскиот Сојуз овој модел не успева да биде произведен во големи бројки, иако го надминува својот ривал Mil Mi-28 буквално во сите тестови во конкурсот за нареден јуришен хеликоптер на црвената армија.

Повеќе...
 
Нови Ми-17-1V за Индија PDF Печати Е-пошта
Вторник, 24 Октомври 2006 13:48

Индиско ВВИндиското Воено Воздухопловство објави дека купува уште 80 Mil Mi-17-1V повеќе наменски хеликоптери од Мил фабриката во Казан. Договорот е вредет повеќе од 660 милиони американски долари, и ќе биде завршен во следните неколку месеци.

Повеќе...
 
Криење на фабрика за авиони PDF Печати Е-пошта
Петок, 28 Ноември 2008 10:32

Криење на фабрика за авиониЗа време на Втората Светска Војна корпусот на инженери при американската армија требал да изнајде решение како да ја скрие фабриката на Lockheed Burbank Aircraft Plant за да ја заштити од јапонски воздушни напади. Како воопшто може да се скрие една фабрика за авиони? 

Повеќе...
 
Последниот лет на нашите херои PDF Печати Е-пошта
Сабота, 12 Јануари 2008 20:37
Последниот лет на нашите херои VAM-304На 12-ти јануари во 12 часот и 24 минути радарска контрола при скопскиот аеродром изгуби контакт со хеликоптерот Мил Ми-17 со регистарски број VAM-304 при 301-от транспортен хеликоптерски сквадрон на Армијата на Република Македонија.
Повеќе...
 
VAM-150 - Antonov An-2 во македонската армија PDF Печати Е-пошта
Недела, 03 Јуни 2007 13:51

Антонов Ан2 во македонската армијаПо неколку месеци поминати во Бугарија каде беше извршен КОР (капитално обновувачки ремонт), единствениот транспортен авион кој го поседува нашата армија, пред 1 месец се врати во Македонија во потполно ново руво. Со одлична шема на боење и навистина застрашувачка уста од ајкула на носот, овој легендарен Антонов изгледа исклучително посебно. Секоја чест за идејата и одличната реализација.

Повеќе...
 
Лет над Херцеговина PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 06 Ноември 2006 06:41

Лет над ХерцеговинаМакедонската војска во составот на EUFOR мултинационалната оперативна група Југоисток, во петокот на 27 октомври 2006 организирала промотивен лет за мостарските новинари. Дваесетина новинари од мостарските телевизиски и радио медиуми меѓукои и новинарите на Bljesak, со хеликоптери Ми-8 и Ми-17 летале над најатрактивните туристички места во Западна Херцеговина. Еве го видео записот.

Повеќе...
 
Mil Mi-17 VAM-302 Видео PDF Печати Е-пошта
Четврток, 12 Октомври 2006 10:30

Mil Mi-17 VAM-302Овој хеликоптер со ознаки VAM-302 се користеше во вежбата десант по вода одржана во Охрид по повод денот на АРМ. Специјалци со чамци од хеликоптерот скокаа во вода во обид да се инфилтрираат на копно. На повеќе имаме две видеа кои се снимани за време на генералната проба близу плажата Горица 1 во Охрид.

Повеќе...
 
Екраноплан PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 24 Ноември 2008 03:44
ЕкранопланВо 1970-тите години за прв пат на американските сателитски фотографии за прв пат се појави овој објект се мислело дека е нормален Џамбо Џет во изградба на земја, но кога подоцна бил фотографиран пловејќи во вода, американските разузнавачи биле зачудени - "што е ова?"

 

Повеќе...
 
Сочувство до фамилиите на загинатите кај Блаце PDF Печати Е-пошта
Сабота, 12 Јануари 2008 16:48
Сочувство до фамилиите на загинатите кај БлацеЧленовите на Македонска Авијација би сакале да изразат искрено сочувство до фамилиите на загинатите во хеликоптерската несреќа која се случи кај Блаце на 12 јануари 2008 година.

Нашите војници ги дадоа животите за "слободата, сувереноста, самостојноста и територијалниот интегритет на Република Македонија". Нивното херојско дело нема никогаш да биде заборавено.

Нека им е вечна слава.

Македонска Авијација Форум
 
V-22 Osprey PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 11 Декември 2006 04:44

v-22Примарна функција на овој хибрид од хеликоптер-авион е транспорт на пешадиски трупи од носачи на авиони и други бродови. "Osprey" (вид на речен орел) е летало со 7.5 метарски накривен роторски систем со пренос монтиран на двете крилја. Може да оперира како хеликоптер при полетување а да слетува како авион.

Повеќе...
 
Турција купува 17 Sikorsky S-70B Seahawk PDF Печати Е-пошта
Петок, 03 Ноември 2006 15:45

Турција купува СикорскиПо неколку финансиски одложувања, Sikorsky Aircraft и Министерството за Одбрана на Турција потпишаа конечен договор за набавка на 17 S-70B Seahawk морнарички хеликоптери кои ќе бидат испорачани по 2009 година. 

Повеќе...