Во средината на јули 2010 година излезе од печат книгата “Воздухопловна метеорологија” од Љупчо Секулоски, дипл. инж. метеоролог, вработен во “М-НАВ” А.Д. Скопје. Книгата содржи 268 страни отпечатени целосно во боја, во формат Б5 и со преку 300 слики и илустрации и дијаграми изработени во Corel Draw.
Стручната воздухопловна литература секогаш е вредна и тешка да се најде. Наидовме на еден куп стручни материјали од реномираниот Massachusetts Institute of Technology од областа на воздухопловните студии, астрономијата, физиката и многу други предмети.