Kamov Ka-50 Печати
Вторник, 21 Ноември 2006 14:00

Камов КА-50Камов Ка-50 е руски јуришен борбен хеликоптер. Дизајниран преку 15 години од страна на Kamov company, овој хеликоптер служи во руската армија од 1995 година. Со колапс на Советскиот Сојуз овој модел не успева да биде произведен во големи бројки, иако го надминува својот ривал Mil Mi-28 буквално во сите тестови во конкурсот за нареден јуришен хеликоптер на црвената армија.

 

 

Машината била замислена како мала, брза и агилна, а дизајнирана да биде издржлива и смртоносна. Стручњаците веруваат дека има супериорни летачки карактеристики споредени со останатите слични летала од советскиот арсенал, меѓутоа инфериорна авионика споредена со конкурентите од западниот свет: AH-64 Apache и Eurocopter Tiger како главни противници. Ова се должи на фактот што за да се добие максимална брзина и агилност, морало да се скрати на тежината и големината, од што, машната станала едносед. Камов по борбите во Авганистан и другите слични воени подрачја, заклучил дека за таквите типични напаѓачки мисии (ниско ниво на лет, појавувачки мети и лансирање на оружје) не е потребно симултано навигирање, маневрирање и пукање, па со добро дизајнирана автоматска подршка еден пилот може да ја изврши целосно мисијата сам.

Kamov Ka-50

Како и други хеликоптери на Камов, и овој е направен со карактеристички контра-ротирачки роторен систем, кој ја елиминира потребата од мотор опашката, со што директно ги подобрува акробатските квалитети, со поставеноста на брзините во предниот дел (наместо во задниот, што одамна е докажано уште од Виетнам дека ваквата поставеност е смртоносна од напади од земја) прави хеликоптерот да биде мала и тешка мета на оган од земја. Консрукцијата на роторниот систем е направена да издржи погодоци од 23 милиметарска муниција како и останатите витални делови од овој хеликоптер.

Kamov ka-50

Во јануари 2001, Ка-50 за прв пат се најде во борбена операција, пукајќи на непријателски позиции во Чеченија. Подоцна ќе изврши повеќе мисии во борбената зона, но не колку побројниот Mil Mi-24 кој е подобро опремен за герилски тип на операции.

Камов Ка-50

Овој хеликоптер е првиот кој е опремен со исфрлувачко седиште. Секунди пред да се запали ракетата во седиштето К-37-800, роторните лопатки се исфрлаат од експлозивно полнење во роторниот диск и кабината се исфрла. Исто така постои и двосед верзија назначена како Kamov Ka-52 или "Alligator". Гласините велат дека дел е развиен за специјални операции, а дел од последиците на сомнеж од страна на купувачите поради концептот на еден пилот развиен од Камов.

Kamov ka-50