Слетувања на вода во Санкт Петерсбург Печати
Среда, 11 Март 2009 17:30

Слетувања на вода во Санкт ПетерсбургПовеќето од нас имаат видено фотографии од вонредни слетувања на вода. Слетувањето на вода во многу случаеви е доста поопасно и зема поголем број на жртви од класичните уривања на земја. Сведоци на "чудото од реката Хадсон" каде за среќа немаше жртви, историјата памети уште еден доста сличен случај, овој пат во 1963 година во Санкт Петерсбург.

 

 

 

Тупољев Ту-124 бил нов модел на руски патнички авиони во шеесетите години на минатиот век. Поминал на сите тестови и добил дозвола да биде пуштен во во употреба во цивилната авијација. На редовниот лет до Талин (денешниот главен град на Естонија) се појавил проблем, моменти пред слетувањето едното тркало не можело да се спушти и заклучи во позиција, па екипажот ги пробал сите мерки за рачно спуштање на тркалото кои не вродиле со плод. Отишле толку далеку што со секира направиле дупка во подвозјето и стигнале до тркалото, но не успеале да го спуштат.

Добиле наредба да слетаат на трупот од авион со вовлечени тркала на аеродромот во тогашен Ленинград, денешен Санкт Петерсбург. Таму имало неасфалтирана ПСП патека во близина на градот, со што триењето и штетата на авионот би биле помали. Пред да се обидат да слетаат, пилотите морале да го истрошат сето непотребно гориво за да ги намалат шансите од експлозија. По вртењето кругови над градот, пилотите откриле уште еден проблем со новиот авион - инструментите за гориво не покажувале точно колкава количина на гориво има во резервоарите. Иако покажувале дека сеуште има гориво, еден по еден моторите се исклучиле и пилотите немале шанса да се приближат кон неасфалтираната полетно-слетна патека.

 

Слетувања на вода во Санкт Петерсбург

 

 

Слетувања на вода во Санкт Петерсбург

 

Единственото нешто кое им останало а да не се урнат во густо населениот град било слетувањето на вода. Капетанот со тешки маневри дал се од себе да го слета тешкиот авион во реката Нева. Имале голема среќа, ниеден од патниците не загинал, поминале со мали повреди. Но поради дупката во трупот која ја направиле пилотите со секира за да стигнат до тркалото - почнала да го полни авионот со вода за многу брзо време. За среќа во близина на авионот имало рибарски брод кој го извлекол авионот до брегот каде екипите за помош ги чекале патниците.

Интересен е фактот што ниеден документ не е објавен во Советскиот Сојуз за оваа несреќа. Тајноста има логика - овој авион бил извезуван во голем број примероци, па партијата не сакала никој да знае за инцидентите. Најголемиот дел од камерите и фотоапаратите биле конфискувани од очевидците. Повеќето од нив мислеле дека се снима нов филм.

 

Слетувања на вода во Санкт Петерсбург

 

 

Слетувања на вода во Санкт Петерсбург

 

По 1963 година има повеќе вакви несреќи со авиони кои завршуваат во вода. Уште еден Ту-124 завршил во вода со истиот проблем како гореспоменатиот, а и еден Јаковлев Јак-40. Интересно е што вториот е сеуште во употреба. 

 

Слетувања на вода во Санкт Петерсбург

 

 

Слетувања на вода во Санкт Петерсбург