Најскапите приватни авиони на светот Печати
Петок, 17 Октомври 2008 16:03
Најскапите приватни авиони на светотДа ги погледнеме едни од најскапите приватни авиони кои летаат денес. Начин на транспорт, уживање или само наметнат животен стил?

 

 

 

 

Airbus A380, повеќе од $300 милиониЕрбас А380

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Иако името на единствениот купувач на ова огромно чудовиште се чува во тајност, јавноста верува дека новиот дом најверојатно ќе биде некаде низ емиратите на Блискиот Исток. Сигурно новиот сопственик ќе ја искористи неверојатната можност овој авион да помине повеќе од 9000 милји (14400 километри) без надополнување гориво, што би било еднакво на полетување од Чикаго и слетување во Сиднеј. 

Boeing 747-8, помеѓу $270 и $280 милиони

Боинг 747-8

Дури четворица богаташи досега го купиле новиот Boeing 747-8, и двајца од нив беа доволно среќни да можат да го исплатат однапред за да можат да го добијат некаде во 2010 година. Во цената не е вклучено ништо екстра, за луксузно опремена кабина потребни се само 20 милиони долари повеќе.

Boeing 767, помеѓу $118 и $165 милиони

Боинг 767

Овој Boeing 767 е префериран од милијардери како Roman Abromavich, сопственикот на фудбалскиот тим Челзи и основачите на Google, Larry Page и Serge Brin. Овој широко трупен авион е релативно штедлив спореден со неговите конкуренти, па така е доста популарен кај одредени "стипси" од богаташи. 

Boeing Business Jet 3, $68 милиони

Боинг Бизнис Џет

Познат како 737-900ER, овој класичен бизнис џет е најновата освежена верзија на авионот кој беше пионер во концептот на конвертирани комерцијални авиони во 1996 година. Неговата врвна технологија во кокпитот како Head-Up Display, GPS систем за слетување и Vertical Situation Display, го носат овој модел во самиот врв на технолошките пронајдоци помеѓу авионите.

Airbus ACJ, повеќе од $65 милиони

Ербас

Воздухопловната компанија Privatair го користи ово Ерба за да го удоволи потребите на неколку од своите високи корисници. Неколку претседатели на држави, вклучувајќи ги француските делегати и претседателот на Бразил ги користат услугите н овој авион како главна транспортна цел, вели директорот Greg Thomas.

Dassault Falcon 7X, повеќе од $50 милиони

Дасаулт Фалкон 7Х

Овој навистина иновативен авион е пионер помеѓу бизнис џетовите со fly-by-wire системот. Авиониката изобилува со технолошки напредни решенија застапени кај Falcon 900EX и Falcon 2000EX. Конструкторите тврдат дека овој авион е првиот дизајниран целосно на виртуелна платформа.


Bombardier BD-700 Global Express, $45 милиони

Бомбардиер
 

Овој ултра-долг, ултра-брз бизнис џет го прави летањето од Њу Јорк до Токио само за час, што би се рекло, благодарејќи на неверојатната брзина од скоро 600 милји на час (965 километри). Што е уште подобро, има доста комфорна кабина за ваков авион.

Embraer Lineage 1000, $40.95 милиони

Ембраер

Компанијата го нарекува "најсовршениот и најлуксузниот бизнис џет на пазарот" во нејзината масивна маркетиншка кампања наменета за високи купувачи и државници од светот. Промовиран во мај 2006, овој авион со капацитет од 19 патници ќе го има својот прв лет во средината на следната година.

Gulfstream G550, $36 милиони

Галфстрим 5

Овој бизнис џет не само што е користен од милијардери како Lakshmi Mittal, туку го користи и американското воздухопловство. Атрибутите на ова летало се GPS систем, засилен метео радар, автопилот и "војнички" Heads-Up дисплеј кој дозволува пилотите воопшто да не ги гледаат контролите на кокпитот.

Dassault Falcon 900, повеќе од $33 милиони

Дасаулт Фалкон

Овој бизнис џет со три мотори е еден од технолошки најнапредните авиони кои постојат денес и еден од ретките бизнис џетови кои имаат повеќе од 2 моторите. Како најпознат корисник на овие авиони се вбројува швајцарската компанијата Globus & Cosmos.