Supermarine Spitfire: Варијанти Печати
Петок, 09 Март 2007 14:37
Spitfire SeafireПостојат повеќе од 24 варијанти на Спитфаер-от, од коi најраспространета е Mk-V со произведени 6479 примероци додека од верзијата Mk-IX се произведени 5665 авиони.

 

 

 

 

Морскиот Спитфаер или Сифаер (Seafire)

Морнаричката верзија на Спитфаер-от или Сифаер, која во почетокот била именувана како Морски Спитфаер (Sea Spitfire) е направена за да може тој авион да се користи од носачи на авиони. Британија во тоа време била сама во војната поротив Германија и и биле неопходни голем број на ескортни бродови за да ги штитат конвоите во Атлантикот кои пренесувале руда и други материјали кои биле многу важни за опстанокот на Империјата.
Комадата на морнарицата побарала од Супермарин да го приспособи Спитфаер-от за оперативност од носачите. Така биле надоградени кука за слетување, крила што може да се свиткат и други ноепходни инструменти кои се користат на морнаричките авиони.

Spitfire Seafire

 

 

Но, како и Спитфаер и Сифаер имал тесен слетен трап кој не е баш најпогоден за користење од палуба. Поради дополнителната опрема за работа на отворено море, центарот на тежина се изместил према задниот дел од леталото па така Сифаер при ниски брзини тешко се контролирал (леталото губело висина во хоризонатлен лет), а тоа го правело слетувањето на носач за авиони скоро невозможно.
Сите овие работи довеле до тоа да има многу висок степен да инциденти при кои имало голем број на настрадани пилоти и загубени авиони.
За да се отстарнат овие недостатоци, развиена е подобрена варијанта која била наречена Сифаер II (Seafire II). Кај ова летaло биле отстранети некои негативни карактеристики кои се одразувале на аеродинамиката, па така Сифаер II станал способен во блиска маневраска борба (dog-fight) да го победи легендарниот Јапонски ловец А6М5 Zero дури и на мали височини. Со текот на времето и со појава на многу помоќните морнарички авиони од американско призводство (F6F Hellcat и F4U Corsair), Сифаер II останува во позадина се до појавата на варијатата со новиот мотор на Rolls-Royce (Gryphon ) со што однoво ова летало се вратило во игра и станало навистина конкурентно.

Автор:

Ефтимов Иван