Светски куп Кавадарци 2009 Печати
Среда, 08 Април 2009 16:18
Светски куп Кавадарци 2009На 5 Април 2009 година на спортскиот аеродром Мало Коњари во Прилеп се одржа Светскиот куп Кавадарци 2009 во слободнолетачки модели за јуниори Ф1Х, кој го организираше аеро клубот Витачево од Кавадарци.

 

 

 

 




На натпреварот кој се одржа во идеални услови посебно за јуниори т.е. мирно, тивко и сончево време, учествуваа натпреварувачи од три аеро клубови од Македонија и тоа од Прилеп, Битола и Кавадарци со вкупно 15 натпреварувачи. Напреварот почна во 10 часот и се одржаа предвидените пет турнуси во кои скоро сите натпреварувачи стартуваа. Еден натпреварувач од Кавадарци оправдано поради повреда не можеше да учествува во натпреварот. Натпреварот се одржа во најдобар ред, немаше никакви приговори на организацијата и судењето а резултатите беа повеќе од задоволувачки, барем за првите пет места. На крајот по сумирањето на резултатите првото место го освои Попов Сашко од Кавадарци со 553 бода од можни 600, втор беше Стошиќ Небојша од Кавадарци со освоени 499 бода, за кого ова беше прв натпревар. Третото место го освои Атанасовски Младен од Прилеп со освоени 496 бода, кој на четвртопласираниот Исаков Александар од Кавадарци му избега за само два поена.

 

Светски куп Кавадарци 2009

 

Светски куп Кавадарци 2009

 


Светски куп Кавадарци 2009

Светски куп Кавадарци 2009

Светски куп Кавадарци 2009

По завршувањето на натпреварот и прогласувањето на победниците од страна на постарите моделари од АК Витачево се изврши демонстративно летање на модели од категориите Ф1А и Ф3Ј, што беше и покана за учесниците на овој натпревар за во недела на 12 Април 2009 година  на истото место да дојдат и да присуствуваат на Куп натпреварот во радио управувани едрилици во категорија Ф3Ј, кој исто така го организира аеро клубот Витачево од Кавадарци, а доколку има и такви кои се чуствуваат спремни да учествуваат ќе ни биде мило да ги видиме на натпреварот.


Еве ги комплетните резултати од натпреварот во категорија Ф1Х јуниори


1.Попов Сашко, Кавадарци 120 120 098 075 120 533
2.Стошиќ Небојша, Кавадарци 072 067 120 120 120 499
3.Атанасоски Младен, Прилеп 091 088 077 120 120 496
4.Исаков Александар, Кавадарци 120 101 120 041 112 494
5.Тасев Никола, Кавадарци 063 120 057 120 120 480
6.Попоски Владимир, Прилеп 022 120 120 066 102 430
7.Ташев Митко, Кавадарци 071 095 065 066 120 417
8.Бакев Игор, Кавадарци 106 059 069 058 065 357
9.Најдоски Давид, Кавадарци 063 052 054 092 089 350
10.Наумовски Благојче, Битола 044 120 063 055 044 336
11.Стојчевски Дарко, Битола  004 044 007 031 113 199
12.Кнежевски Александар, Битола 060 044 047 007 016 174
13.Илиоски Методи, Прилеп 043 046 000 047 017 153
14.Талески Дарио, Прилеп 034 004 048 002 054 142
15.Шиковски Александар, Кавадарци 002 000 000 000 000 002