Делови на моторот со внатрешно согорување Печати
Вторник, 30 Јануари 2007 05:17

ЦилиндарГлавни делови на моторите со внатрешно согорување се: цилиндер, глава на цилиндерот, седишта на вентилите, вентили, брегаста оска, клипница, коленесто вратило, редуктор, кукиште и картер.

 

 

 

 

Цилиндерот е основната комора во која се врши палењето на горивната смеса и претворање на топлотната енергија во енергија на ширење на гасовите. Во него се одвива компримирањето на смесата, нејзино палење, согорување и ширење. Создадените гасови дејствуваат врз клипот и го придвижуваат, така што со неговото движење тој создава вртење на коленестото вратило. На главата на цилиндерот се наогаат седишта во кои се сместени вентилите за вцицување и издувување. Главата однадвор е ребреста, со што се овозможува подобро ладење.

Цилиндар
 


Вентилите ги отвораат и ги затвораат отворите на главата на цилиндерот низ кој влегува смесата на гориво, а излегуваат издувните гасови. Свекичките фрлаат искра во мигот кога смесата на горивото е максимално компримирана, со што се реализира палењето и претворањето во енергија која се создава со ширењето на гасовите. Гасовите со својата енергија дејствуваат на клипот и го движат надолу. Со неговото движење, тој преку клипницата дејствува на коленестото вратило и условува негово кружно движење.

Мотор
 

 

Кружните движења на коленестото вратило се пренесуваат врз редукторот, кој има улога да го намали бројот на вртежите на коленестото вратило и со добиениот број вртежи да ја врти елисата. Куќиштето на моторот во кој и на кој се сместуваат сите претходно изнесени делови на моторот. Картерот е еден вид резервоар во кој стои маслото на моторот. Улогата на маслото во моторот е да го смали триењето и да обезбеди ладење на движечките делови на моторот. Покрај наведените делови, во составот на моторот влегуваат и алтернаторот, магнетите и карбураторот.


Алтернаторот претставува мала централа за струја. Тој добива погон со вртење на моторот и на тој начин станува производител на електрична струја. Магнетите ја примаат струјата од алтернаторот многукратно ја зголемува и во определен миг ја предаваат на точно определена свекичка, која ја пали горивната смеса во цилиндерот.

 

Мотор


Карбураторот е сложен уред чија улога е да направи одредена смеса на гориво и воздух (авиобензин и воздух) и во точно определено количество да ја внесе во соодветниот цилиндер. Составот, односно квалитетот на смесата подразбира однос на масата на горивото и масата на воздухот.

Мотор

 

Продолжува со Турбомлазен мотор. 

Автор Стефан Давчевски