Турбомлазен мотор Печати
Среда, 31 Јануари 2007 12:03

Млазен моторТурбомлазниот мотор работи на процесите на вцицување, компримирање, согорување, ширење и издувување.

 

 

 

Вцицувањето на воздухот се прави преку предниот дел - уводникот на моторот. Тој ги насочува воздушните струи во каналниот простор на моторот, каде што се наога системот лопатки за компримирање на воздухот. Таквиот систем кој го стиска - компримира воздухот, се нарекува компресор. Тој практично е составен од неколку степени на ротирачки лопатки со чие вртење се постигнува зголемен притисок кај влезните струи.

Млазен мотор
 


Компримираниот воздух преку дифузор се пренесува до комората за согорување. Тоа е простор во кој доага до согорување на смесата од керозин и компримиран воздух. При ваквото согорување настанува нагло ширење на гасовите кои со огромна брзина излегуваат од комората за согорување и одат во издувниот простор. Тој има улога да ги смири и да го насочи движењето на гасовите кон млазникот. Улогата на млазникот е да го забрза движењето на гасовите и да создаде нивна максимална излезна брзина, со што се добива и максимален потисок.

 

Млазен мотор

 


Кај млазниот мотор постои уште еден дел кој се наога кај комората за согорување, а тоа е турбината. Овој уред има улога да го заротира компресорот при стартувањето на моторот. Во оваа група на турбомлазни мотори спагаа и т.н. вентилаторски мотори, кои наогаат најголема примена во најново време. Кај нив, влезната воздушна струја при минување низ компресорот се дели на два дела. Првиот дел, примарното струење на воздухот, оди преку компресорот и комората за согорување до млазникот и излегува надвор. Вториот дел - секундарното струење на воздухот, притискано од лопатките на вентилаторот, со зголемена брзина излегува директно во атмосферата. На тој начин, всушност, се создаваат две сили на потисок, произведени од примарното и секундарното струење на воздухот. Вентилаторските мотори во исто време се и потивки за околината.

Млазен мотор

Автор Стефан Давчевски