Ордени и воени одликувања на Германија во ВСВ PDF Печати Е-пошта
Вторник, 22 Мај 2007 15:30
Железен крст Железениот крст "Eisernes Kreuz" е воведен првпат од прушкиот крал Фридрих Вилхем III во 1813 година за време на војните на Наполеон. Има два степени, прв и втор. Реинситуиниран во 1939 година.

 

 

 

 

 

Рицарски крст кон железниот крст се носи на вратот. Има четири степени Рицарски Крст со дабови лисја, Рицарски Крст со дабови лисја и мечеви, Рицарски Крст со дабови лисја мечови и брилијанти, Рицарски Крст со златни дабови листа, мечови и блилијанти.
 
Рицарски крст

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Голем крст кон Рицарски Крст  -grosskreuz des EK

Голем крст кон РК

Орден Германски крст - deutsches Kreuz. има 2 степени сребрен и златен.

Орден Германски крст-deutsches Kreuz.

 

Mедал за ранување на фронтот - Verwundetenabzeichen има три степени Црн, сребрен и златен во зависност на степенот на ранување.

Mедал за ранување на фронтот

Пилотска значка на Луфтвафе - Flugzeungfuehrabzeichen има неколку варијанти: сребрена, златна и во комбинација со дијаманти. Слични се на падобранците и пилотите на бомбардерите.

Пилотска значка на Луфтвафе - Flugzeungfuehrabzeichen

 

Значка на пилот од Фронтот.Frontflugspange има различни варијанти - бронзена, сребрена, златна и со брилијанти со гравиран број на борбени летови.

Во Втората Светска војна 7200 војници и офицери од Вермахтот (германската армија) која брои околу 15 милиони војници, се одликувани со различни степени на Рицарскиот Крст и Железниот крст. Во тој број се и 1750 војници и офицери од Луфтвафе (гермаското ВВ). Од нив поголем степен
се одликувани со орденот и тоа 244 со дабови лисја, 54 со дабови лисја и мечови, 12 со дабови лисја,  мечови и брилијанти, и друг со златни дабови лисја мечови и брилијанти. Еден со големиот Железен Крст.

578 пилоти на ловци се одликувани со
Рицарски Крст на Железен Крст од нив 99 се со дабови лисја, 25 се со дабови лисја и мечови, 9 со дабови лисја мечови и брилијанти.

Деветмината асови одликувани со
Рицарски Крст со дабови лисја мечови и брилијанти се: Вернер Мјолдерс (151), Адолф Галанд (103), Гордон Голоб (150), Ханс-Јауим Мерсеј (158), Херман Граф (212), Валтер Новотни (258), Хелмут Лент (113), Ерик Хартман (352), Ханјц-Волфганг Шнауфер (121).  Во загради е посочен бројот на победи, Шнауфер и Лент се ноќни пилоти на ловци.

Со златни дабови лисја мечови и брилијанти е одликуван само Ханс-Улрих Рудел (+519 тен +300 оклопни транс, +12 артилериски системи, 4 воени бродови од кои 1 разурнувач, 2 крстосувача и 1 фрегата и 11 авиони).

Со големиот крст на
Железен Крст е одликуван само рајхмаршалот на авијацијата Херман Геринг.

Иван Ефтимов